Основното училиште со ресусен центар „Иднина“ - Скопје обезбедува стручна поддршка на наставниците, стручните соработници, инклузивните тимови од општинските основни училишта, стручните соработници - образовни асистенти, воспитувачи и стручни соработници во предучилишни установи, како и родителите и пошироката заедница за да ги развијат знаењата и вештините во врска со давањето одговор на различните потреби на учениците.

Стручна поддршка/обуки на воспитно-образовен и стручен кадар

Програмата за oбезбедување стручна поддршка/обуки на воспитно-образовниот кадар опфаќа различни аспекти на инклузивното образование преку следниве модули:


Инклузија на ученици со посебни образовни потреби (ПОП)

Содржина: 
Дискусија за дефиницијата и принципите на инклузивното образование; Запознавање на учесниците со меѓународните и националните правни рамки за инклузивно образование; Дискусија за работата на УИТ (училишен инклузивен тим); Разбирање на важноста на инклузивните вредности за имплементација на одржливо инклузивно образование; Идентификација на бариерите за инклузија; Рабирање на попреченоста од гледна точка на општествениот модел или модел заснован на права. 

Реализатори:

  • М-р Магдалена Китановска, специјален едукатор и рехабилитатор 
  • М-р Ирена Новаческа Макалоска, специјален едукатор и рехабилитатор 
     

Соработка во инклузивното образование  

Содржина:
Разбирање на соработката помеѓу членовите на ИТУ како клучен фактор во спроведување на  инклузивното образование; Дискусија за важноста, вообичаените улоги и одговорности на стручните соработници образовни асистенти; Давање практични совети за подобрување на соработката помеѓу образовните асистенти, наставниците и членовите на стручната служба. 

Реализатори:

  • М-р Магдалена Китановска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • Линдита Даци, специјален едукатор и рехабилитатор
     

Инклузивно планирање

Содржина: 
Структура на индивидуален образовен план и модифицирана програма; Дискусија за изработка и реализација на индивидуален образовен план и модифицирана програма; Дефинирање на Универзален дизајн на учење (УДУ); Клучни принципи на УДУ, Идентификација на различни активности во училница според принципите на УДУ; Рагледување на различните видови на проценки и техники за оценување; Дизајн на план за оценување во инклузивни опкружувања. 

Реализатори:

  • М-р Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор  
  • Катерина Величковска, специјален едукатор и рехабилитатор

 

Прилагодување на наставата за ученици со ПОП

Содржина: 
Разбирање на важноста на педагогијата фокусирана на ученикот во спроведување на инклузивното образование; Преглед и дискусија на главните карактеристики на педегогија фокусирана на ученикот; Претставување на моделите на инклузивни наставни стратегии; Дискусија за различните прилагодувања на стратегиите за ученици во инклузивните училници; Претставување на важноста за кооперативно учење со врсници; Насоки за прилагодување и изработка на дидактички материјали за полесно совладување на наставните содржини.

Реализатори:

  • М-р Ирена Новаческа Макалоска, специјален едукатор и рехабилитатор 
  • Катерина Величковска, специјален едукатор и рехабилитатор
     

Инклузија на ученици со состојби од аутистичен спектар

Содржина: 
Запознавање со состојбите од аутистичен спектар - митови и вистини, Предизвиците во сензорното процесирање кај учениците со состојби од аутистичен спектар; Разбирање на предизвикувачкото однесување и функциите на однесувањето; Идентификација на стратегии и методи за работа со ученици со предизвикувачко однесување; Наосоки за изработка на специфични материјали за работа.

Реализатори: 

  • М-р Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор 
  • Линдита Даци, специјален едукатор и рехабилитатор

 

Универзален дизајн на учење

Дефинирање на Универзален дизајн и Универзален дизајн на учење; Објаснување на клучните принципи на УДУ; Идентификација на различни активности во училницата според принципите на УДУ; Прилагодување на наставни единици според УДУ


Реализатори: 

  • Д-р Аделина Хаскај, специјален едукатор и рехабилитатор
  • М-р Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • М-р Ирена Новаческа Макалоска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • М-р Магдалена Китановска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • Катерина Величковска, специјален едукатор и рехабилитатор


Интересот за стручна поддршка/обуки на воспитно образовниот и стручниот кадар се изразува во Барањето за обезбедување услуги, и се предвидува во Годишниот план за поддршка и Акцискиот план за соработка помеѓу ОУРЦ „Иднина“ - Скопје и ООУ. За повеќе информации контактирајте го одделението за едукација и координација. Начинот на соработка со основните училишта е подетално објаснет на следнава страница.


Освен тоа, во продолжение се предложени дополнителни теми за обуки и работилници, а доколку имате друга специфична потреба од стручна поддршка контактирајте не со цел да излеземе во пресрет на вашите потреби.
  • Аугментативна и алтернативна комуникација;
  • Креативни методи во настава со ученици со посебни образовни потреби;
  • Музика во училницата: Активна и рецептивна музико терапија за училишта;
  • Таблети и паметни телефони – употреба на мобилни уреди како едукативни алатки;
  • Тим билдинг за училишта: Градење на едукативни заедници преку игра и забава;
  • Вклучување на деца бегалци, мигранти, без државјанство и баратели на азил во воспитно-образовниот процес;
  • Стрес менаџмент и превенција од професионално согорување. 

Обука за стручни соработници - образовни асистенти

Задолжителната обука за образовни асистенти опфаќа содржини кои се фокусираат на инклузивното образование и методите за поддршка на учениците со различни потреби. Оваа обука обезбедува солидна основа за работа со учениците и промовирање на инклузивни практики во образованието, преку интерактивен пристап во обработката на следните теми:

 

  1. Дефинирање на инклузивното образование — Основни концепти и значењето на инклузијата во образованието.  
  2. Инклузивни вредности — Принципи и вредности што го поттикнуваат инклузивниот пристап во училницата.  
  3. Општествен модел на попреченост — Разбирање на попреченоста од општествена перспектива и елиминирање на бариерите.  
  4. Улоги и одговорности на ОА — Прецизирање на улогата на образовните асистенти и нивните одговорности.  
  5. Педагогија фокусирана на детето — Применување пристапи кои го ставаат детето во центарот на наставниот процес.  
  6. Универзален дизајн на учење — Поддршка на флексибилна настава што овозможува пристап за сите ученици.  
  7. Основни стратегии во училница — Техники за подобрување на инклузивната практика и адаптација на наставата.  
  8. Соработка во инклузијата — Поддршка и соработка меѓу наставници, асистенти и семејствата на учениците.
 

Реализатори: 

  • Катерина Величковска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • М-р Магдалена Китановска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • М-р Ирена Новаческа Макалоска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • Д-р Аделина Хаскај, специјален едукатор и рехабилитатор
  • М-р Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор
  • Линдита Даци, специјален едукатор и рехабилитатор