Час по готвење

Магијата на готвењето ја почувствуваа 11 ученици од ОУРЦ „Иднина“-Скопје во кабинетот за гастрономија на СУГС „Лазар Танев“-Скопје. Посетата на СУГС „Лазар Танев“-Скопје беше организирана согласно Програмата за професионална приентација на учениците во нашето училиште.

Прочитај повеќе

Одбележан Денот на ОУРЦ „Иднина“- Скопје, Сули ан – Факултет за ликовни уметности, 10 април 2025 година

54 години постоење, 54 години стремеж кон следење и имплементација на сите промени во односот кон лицата со нетипичен развој. Од Специјално училиште, преку Посебно училиште, па се до денешниот назив Основно училиште со ресурсен центар, доживеа позитивна трансформација во опфатот на ученици и програмските содржини.

Прочитај повеќе

„Нема мали или големи делови, СЕКОЈ е важен во целината„

Студентите и учениците на иста основа ги ставија различните гледишта, различните доживување и дадоа експресија на шарениот свет во кој секој има свое место. Секој потег со сликарската четкичка остави траг на емоциите и перцепцијата на сликарот на надворешните случувања, на надворешното опкружување...

Прочитај повеќе