Музико терапија
Музикотерапијата ја користи музиката за немузички цели па затоа и се разликува од самото музичко образование во училиштата. Преку музикотерапијата може емотивно да се допре до личноста на нејзиното сопствено ниво на развој. Музиката е медиум низ кој личноста може да зборува, може да учи и да стекнува социјални вештини, да развива комуникативни вештини, самоконтрола и самодоверба

Цели на музикотерапијата со учениците
Целните подрачја на музикотерапијата воглавно се однесуваат на: моторен развој, когнитивен развој, социјален развој, самоосознавање и духовно збогатување.
Долгорочните цели на користењето музикотерапија со учениците се:
  1. Подобрување на сликата за себе и телесната свесност.
  2. Развивање на комуникациските вештини.
  3. Зголемување на интеракциите  со врсниците и другите луѓе.
  4. Зголемување на емоционалното изразување и прилагодливоста.
  5. Создавање на прифатливо однесување.
  6. Подобрување на моторните вештини.
  7. Подобрување на аудитивната перцепција.
  8. Намалување на говорните пречки.
  9. Јакнење на емпатија.
  10. Зголемување на обемот на внимание и сосредочување на вниманието.
  11. Социјална, образовна и културна интеграција.
 
 Очекувани резултати од примената на музикотерапијата со учениците
-Учениците подобро да се приспособуваат во и кон средината;
-Зголемена способност за приспособување кон нови ситуации и нови услови (новогодишни забави, приредби, изложби, хепенинзи и сл.)
-Ослободување од вишокот енергија;
-Експресија на негативните чувства;
-Релаксираност и опуштеност за време на терапиите;
-Желба за доминирање во групата и покажување на сопствените вредности;
-Чувство на задоволство и забава при изведување на музичките активности.