Во рамките на специјализираните услуги во нашето училиште се опфаќаат и ученици коим имаат потреба од Индивидуална поддршка и групен третман по модифицирана програма. Модифицираната наставна програма, наменета за учениците со комплексни потреби,се подготвува за секој воспитно-образовен период на основното образование и со неа се определуваат резултатите од учење базирани на компетенциите со кои треба да стекнат и развијат самостојност, личен развој и социјални односи.
Наставниот кадар од нашето училиште , учествува и во реализација на дел од модифицираната програма за учениците со комплексни потреби за кои е во најдобар интерес да посетуваат дел од наставата во основното училиште со ресурсен центар, а согласно со препораката на стручното тело за проценка, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето (во натамошниот текст: МКФ), донесена од Светската здравствена организација.
Модифицирана наставна програма ја подготвува Инклузивниот тим за ученикот со попреченост согласно со неговите индивидуални потенцијали и потреби, во рок од 30 дена од денот на започнување на настава на ученикот во училиштето и ги спроведува мерките за поддршка во учењето согласно со препораките од стручните тела за функционална проценка (МКФ)
Цели на Модифицирана програма
· развoj на самостојност
· личен развој
· социјални односи
Во рамките на ОУРЦ ,, Иднина ,, функционира кабинет за работа по модифицирана програма соодветно опреен според потребите на учениците кои имаат препорака за работа по модифицирана програма. Истиот го посетуваат како учениците кои посетуваат настава во ОУРЦ , Иднина,, така и учениците од редовните училишта кои имаат препорака од МКФ за работа по модифицирана програма во нашето училиште.