Кодексот на задолжителните, морални и професионални норми ги одредува правилата на нашето училиште што се однесуваат на наставниците, учениците, стручните служби, персоналот и родителите.
- Сите субјекти наведени во претходната точка мора да го почитуваат куќниот ред во училиштето.
- Прифаќањето на учениците започнува во 7:30 часот, а наставата во 8:30 часот и трае до 14:35 часот.
- Наставниот час трае 40 минути, малите одмори по 5 минути, а големиот одмор 15 минути.
- Наставниците во целодневна настава прва смена се од 07:45-12:45 часот, а втора полусмена од 10:15-15:15 часот.
- Наставниците од предметна настава започнуваат од 7:45 до 13:15 часот.
- Наставниците од продолжен престој прва смена се од 06:30-11:30 часот, а втора смена од 10:45-15:45 часот.
- Техничкиот персонал започнува со работа во 7:00, а завршува во 15:00 часот.
- Административната и стручната служба работи од 7:30 до 15:30 часот.
- Надворешната врата – влезот во училиштето се затвора и заклучува веднаш по започнување на часовите, а се отвора за време на големиот одмор и по завршување на часовите.
- Влезот на училиштето се заклучува и обезбедува од вработено лице, кое задолжително ги легитимира, евидентира и упатува сите надворешни лица.
- За време на часовите не е дозволено непотребно излегување и движење низ ходниците.
- Наставничката канцеларија ја користат само наставници, а не родители и ученици.
- Одговорни за училишниот инвентар се одделенските и предметните наставници.
- Учениците треба посебно да посветат внимание на личната хигиена, изгледот и хигиената во просториите на училиштето, како и во училишниот двор.
- Строго е забрането чкртање по ѕидовите во кој било дел на училиштето.
- За почитување на куќниот ред, кодексот на однесување и дисциплината во училиштето редовно се задолжени дежурните наставници, назначени со посебен распоред на дежурства по работни денови во седмицата.
- Дежурните наставници се задолжени редовно да ги извршуваат дежурствата во ходниците, според распоредот за дежурства и истите навремено да го евидентираат во соодветната тетратка за дежурства.
- Вработените, заради опасност од инфекции и заразни болести, да внимаваат на одржување на хигиената и примена на сите потребни мерки за дезинфекција, дезинсекција, стерилизација и дератизација.
- Отпадоците да се фрлаат само во корпите за отпадоци.
- Пушењето во просториите на училиштето, консумирање алкохол и дистрибуција и консумирање наркотични средства, наjстрого се забранува и казнува според законот.
- За време на одморите, училниците кои се опремени со компјутерска опрема треба да бидат заклучени.
- По завршуването на последниот час, учениците излегуваат од зградата пристојно, без трчање и врева.
- За замена на часови, наставникот треба навреме да го извести директорот.
- Секој вработен е должен за своето отсуство да го извести директорот.
- Родителите ќе се примаат само во одредени термини кај одделенските и предметните наставници, а кај стручната служба според условите и потребите.
- Не е дозволено наставниците да излегуваат од час и да разговараат со родителите и останатите вработени.
- Наставниците треба да ги известат учениците за термините за одржување на дополнителна настава и за слободни ученички активности.
- Промена на дневниот распоред на часови поради отсуство на наставник прави стручната служба за замена на часот.
- Вработените, учениците и родителите треба во училиштето да доаѓаат пристојно облечени.
- Фотографирањето и снимањето во училиштето и училишниот двор не е дозволено за приватна употреба.
- За комерцијални, медиумски снимања, потребно е да се обезбеди дозвола од директорот на училиштето.
- Секој ученик, родител и вработен во училиштето е должен да се придружува на куќниот ред на училиштето.