Нарушувањето во изговорот, говорот, јазикот, читањето и пишувањето, се чести појави кај ученици со пречки во развојот. Ваквите нарушувања ја отежнуват и оневозможуват вербалната комуникација, а со тоа го попречуваат наставниот процес и совадувањето на наставната содржина. Во нашето училиште постои логопед. Една од задачите на логопедот во воспитно образовниот процес е навремено откривање на ученици – логопати и работа на нивното тстранување и ублажување. Во таа насока логопедот ги дава следните услуги:
-Откривање, пружање и следење на адекватна логопедска помош на ученици со говорно -јазична паталогија;( Утврдување на сотојбата со:-говорните органи-изговорот на гласовите;-говорно - јазична развиеност;-способноста за читање; -способноста за пишување.)
-Запознавање на родители и наставниот персонал со видот и степенот на говорно – јазичната патологија кај учениците, текот на логопедските вежби и резултати од истите;
-Изработка на индивидуална програма за работа на ученици опфатени со логопедски вежби со водење на дневен оперативен план за вежбите,изготвување на логопедски дневник за водење на вежбите
- Советодавна работа со родителите и наставниците – давање стручни совети и напатствија за работа;
-Пружање стручна помош на наставниците во изработка на програмата за работа;
- Учество во организирањето на целокупната воспитно - образовна работа во училиштето.
Целта која се стремиме да ја постигнеме со самиот третман не е само развој на вербалната комуникација, туку воедно и развој на невербалната комуникација како и развој на целокупната личност на детето. Најважни услови за да се постигне успех се методичност, постапност како и трпение кое го покажува терапевтот / логопедот со децата.
Нашата главна цел и улога е на ученикот и на неговото семејство да им помогнеме да продолжат полесно низ животот, да видат дека надежта сепак постои и дека заедно ќе ги совладаме сите пречки, какви и да се и дека ќе успееме во тоа.
Се стремиме кон тоа да се прифатат различностите и сите да бидеме еднакви без разлика дали сме мали или големи дали можеме да зборуваме, читаме пишуваме или имаме аутизам. Сите сме еднакви и сите имаме што да му покажеме на светот.