Поради потребата за корективна поддршка и спречување на секундарни нарушувања во говорно-јазичниот развојот, кај одреден број на ученици од одделенска настава, кај кои се евидентирани говорно-јазични нарушувања, се организира и спроведува говорно-јазична терапија.
Учениците кои се вклучени во терапијата покажуваат различен вид и степен на говорно јазични нарушувања: во изговорот на гласовите, во ритамот и темпото на говорот, различни облици на неразвиен говор и јазик и специфични јазични тешкотии.
Целите и задачите на програмата како и принципите, формите и методите на работа се конципирани соодветно на можностите и индивидуалните карактеристики и потреби на учениците. Цел на говорно-јазичната терапија е следење и пружање на дополнителна помош во вид на рехабилитација на ученици со тешкотии во говорно гласовната комуникација и ученици со јазични нарушувања. Задачите на говорно-јазичната терапија произлегуваат од индивидуалните потреби на секој ученик и зависат од видот и степенот на говорно-јазичното нарушување, а ќе се реализираат преку различни активности, игровни, креативни, когнитивни, комуникативни:
- поттикнување на вербалната и невербалната комуникација
- развој на рецептивниот и експресивниот речник
- подобрување на ритамот и темпото на говорот
- корекција на артикулативните нарушувања
- развој на фината моторика и графомоторика
- развој и подобрување на вештините за пишување и читање
- подобрување во прагматиката на јазикот