Посебно место во слободните ученички активности во нашето училиште зазема и драмско-рецитаторската секција. На овие часови учениците се збогатуваат со нови знаења и вештини од областа на драматизацијата. Се оспособуваат за интерпретирање на уметничкиот збор. Оваа секција посебно е насочена кон оние ученици кои покажуваат способности и можности за сценско изразување, движењата, говорот, импровизацијата. Ова кај учениците ја потикнува нивната инвентивност и креативност.Целта на оваа секција е учениците да се оспособуваат за користење на драма техниките кои потоа може да секористат и за усвојување на наставни содржини и се разбира да чуствуваат љубов кон пишаниот збор.