Дополнителна настава

Целта на дополнителната настава е да се овозможи помош и поддршка на децата, како и полесно совладување на наставната содржина. Дополнителната настава се реализира кај оние ученици кај коишто постојат потешкотии во совладувањето на содржините предвидеи во Наставниот план и програма предвиден за одделението коешто го посетува.Покрај тоа се поттикнува и развивање на когнитивните процеси, како и стекнување на работни навики и социјални вештини. Застапена е индивидуалната работа, работа во парови, како и тимска работа.

Содржината, методите и средствата кои се користат при дополнителната работа се во потполност индивидуализирани и се прилагодени на потребите на секој ученик одделно.

Со дополнителната настава се опфатени предметите- Македонски јазик, Математика,Запознавање на околина,Природни науки,Општествени науки, кои се предвидени во Наставниот план и програма. Наставата се реализира спрема предвидениот годишен фонд на часови,односно 36 часа годишно.