Центри за поддршка на учењето во ОУРЦ „Иднина“ Скопје - Промоција на инклузивно образование и поддршка за учениците со попреченост
Центарите за поддршка на учењето на ОУРЦ „Иднина“ ,Скопје се составен дел на образовната мрежа, кој активно придонесуваат за инклузивното образование на ученици со попреченост. Нашата мисија е да им обезбедиме еднакви можности на сите ученици, независно од нивните индивидуални потреби и предизвици, користејќи современи наставни методи и стратегии.
Мрежа на центри за поддршка на учењето во состав на ОУРЦ„Иднина“ Скопје:
Центарите за поддршка на учењето во ОУРЦ „Иднина“ се дел од пошироката мрежа на центри кои работат во простории на општинските основни училишта, кои се дистрибуирани низ различни општини во скопскиот и североисточниот регион на РС Македонија.
Во моментов, во функција е следниот центар во
- ООУ „Гоце Делчев“ – Општина Илинден
Дополнително, активно ќе се работи на подготовка за отварање согласно потребите и на останатите центри за поддршка на учењето во следните училишта:
- ООУ „Браќа Миладиновци“ – Општина Илинден
- ООУ „Ристо Крле“ – Општина Илинден
- ООУ „Герг Кастриот“ – Општина Арачиново
- ООУ „Кочо Рацин“ – Општина Петровец
- ООУ „Вера Јоциќ“ – Општина Гази Баба
- ООУ „Стив Наумов“ – Општина Гази Баба
- ООУ „25 Мај“ – Општина Гази Баба
- ООУ „Његош“ – Општина Гази Баба
Центри за поддршка на учењето во рамки на општинските основни училишта:
- ООУ „Кочо Рацин“ – Општина Кратово
- ООУ „Браќа Миладиновци“ – Општина Куманово
Основни принципи на работа во Центарот за поддршка на учењето
Во Центарот се користат специјализирани методи и техники кои се прилагодени на индивидуалните потреби на учениците, вклучувајќи примена на инклузивни образовни практики и активности кои поттикнуваат активност на сите сетила. Работата се базира на препораките од системот за проценка на функционалните способности (МКФ), со што се обезбедува целосен и холистички пристап во поддршката на учениците.
Услуги и активности:
- Работа по модифицирана програма - За учениците кои имаат специфични потреби, се користат модифицирани наставни програми кои се прилагодени на нивните капацитети.
- Индивидуална образовна поддршка - Специјално едуцираниот наставен кадар, вклучувајќи специјални едукатори и рехабилитатори, ги поддржува учениците во нивниот образовен напредок, осигурувајќи персонализирана помош.
- Групна работа - Организирање на групни активности за развој на социјалните и когнитивни вештини, како и за подобрување на тимската соработка помеѓу учениците.
Нашата опрема и ресурси:
Центарот е опремен со современа наставно-образовна опрема која ги поддржува потребите на учениците со попреченост. Применуваме најнови технолошки алатки, кои се усогласени со највисоките стандарди, за да се овозможи што поголем инклузивен образовен процес.
Поддршка на наставници и родители:
Центарот за поддршка активно соработува со наставниот кадар, родителите и локалната заедница. Организираме редовни обуки за наставниците со цел да се подигне нивната свест и да се унапреди нивното знаење за работата со ученици со попреченост, како и да се обезбеди континуирана поддршка за родителите во процесот на воспитување и образовање на нивните деца.
Целокупната цел на Центарите за поддршка на учењето е да обезбедат квалитетно образование за сите ученици, без разлика на нивните индивидуални потреби, и да поттикнат поголема интеграција и поддршка во образовниот процес за учениците со попреченост.