Како квалитетно да го поминеме летниот распуст „Човештвото им должи на децата сè најдобро што може да им се даде “ – од Декларацијата за правата на децата

Како поминува оваа  училишна година која по многу се разликува од други изминати години и се ближи летниот распуст се повеќе меѓу родителите станува актуелно прашањето како учениците да го  поминат летниот распуст.И покрај тоа што еден дел од ова учебна година учениците го поиминаа дома со  on- line учење, сепак летниот распуст е предизвик сам по себе затоа што тогаш ќе престанат обврските кои ги имале учениците за учење.Родителите се плашат како слободното време може негативно да влијае на навиките на учениците.Ова посебно се однесува на учениците со посебни потреби кај кои што е потребно многу повеќе време за да се научи нешто и да се стекне некоја навика , а многу полесно се забораваат стекнатите и усвоени знаења, вештини и навики.Но дали има потреба од грижи.
Најбитно е децата за време на распустот добро да се одморат и изиграат, да се олабават од училишното градиво.На почетокот со децата треба да се разговара за постигнатиот успех, што можеле поинаку и подобро.Со учениците со посебни потреби кои не се секогаш свесни за тоа што можат подобро треба да им се предочи колку тие постигнале минатата учебна година, што научиле, колку квалитетно време поминале на училиште. Потоа треба да се обрне внимание на играта посебно кај помалите деца. Таа е важен дел од детскиот развој и одмор од учењето и исполнувањето на задачите и роковите кои им се дадени.Кај учениците со посебни образовни потреби играта е уште побитна за да се поттикне нивниот развој,но таа исто така може да се искористи за да се повторуваат и зацврстуваат веќе стекнатите знаења и вештини. Но оваа игра за распустот треба по многу нешта да се разликува од онаа која се користи за учење. Најбитно е на децата да не им се наметнуваат активности и задачи туку тие самостојно да изберат како сакаат да го поминат своето слободно време, а родителите неосетно во текот на играта без наметнување да искористат простор да повторат некое стекнато знаење. На пр. Ако играат со топка во дворот може да вежбаат броење со броење колку пати детето ја подало топката; ако играат  Не лути се човече, можат да ги повторат боите или можат да повторат броење на полињата, човечињата итн;пред спиење може да читаат сликовница и да повторат читање или некоја усвоена буква, ако одат на прошетка во парк да повторат за растенија и нивните делови итн. Најбитно е активноста и играта да ја изберат учениците,таа да не биде однапред планирана и наметната, а родителите единствено да ја искористат можноста. Тоа и немора да биде секојдневно за да не биде оптеретување и ако увидат дека предизвикува негативни емоции и напор кај учениците не мора да продолжи.
                                                
 Планирање на денот

Родителите стравуваат дека децата премногу ќе се опуштат, па однапред планираат  учење и повторување. Прават план кој тешко може да се исполни.Наместо тоа летниот распуст е идеално време за учење вештини далеку од вообичаените рутини и повторувања.
Со оглед на тоа дека со засвршувањето на учебната година учениците одеднаш добиваат многу слободно време , не е неважно како децата ќе ги поминат долгите летни денови.Многу деца самите едвај чекаат да го исполнат времето со активности кои ги радуваат , но предизвик е кај децата кои немаат визија што да работат и како да ги поминат деновите.Тоа е посебно предизвик кај учениците со посебни образовни потреби затоа што тие најчесто немаат однапред желба и идеа како да го поминат слободното време. На нив не треба да им се наметнуваат игри и активности.Ако детето не изразува желба што сака да прави родителот треба да му даде неколку опции со тоа што во неговата околина ке стави игри или играчки кои мисли дека ќе му помогнат квалитетно да го помине слободното време да развива внимание, концентрација , моторика, а детето самостојно ќе избере што го интересира.
Кај овие ученици многу се битни физичките активности и поминувањето време во природа. Поради тоа треба да се обрне внимание колку што е можно повеќе време да се поминува надвор, со различни физички активности,да трча, да игра, да допира, да осознава, да го запознае просторот и своето тело во него.
 
                                                   
 
Но, треба да се истакне како најблаготворно е поминувањето опуштено и активно време со семејството на кое и треба да се обрне најмногу внимание. Дружете се , забавувајте се, гушкајте се зошто тоа име е најбитно на децата.
 
 
Досадата е добра

Треба да им се дадат можности за избор да ги осознаат сопствените желби и интересирања. Можноста за избор на активности допринесува за развој на детската самосттојност, развој на сликата за себе, а родителите се тука да дадат поддршка.Често на децата им е досадно. Но тоа не треба да не загрижува, досадата е добра, и корисна затоа што по некое време децата ги откриваат своите интересирања, ги спознаваат своите желби, сонуваат и размислуваат.Досадата ја поттикнува креативноста и љубопитноста.
 
 
                                                   
 
Повторување дури пред почеток на учебната година

Како новата учебна година се приближува, во ред е децата да се спремаат за училиште. Кај децата со посебни образовни потреби најбитно е тоа со време да им се објасни дека летниот распуст е при крај и треба да се подготват дека повторно ќе одат на училиште. Од лично искуство знам дека кај овие деца е пожелно летниот одмор да не биде непосредно пред крајот на летниот распуст затоа што им е потребно повеќе време да се подготват дека ќе тргнат во училиште. Кај нив промените се тешки и многу тешко се навикнуваат дека од море,езеро или плажа дирекно ќе се вратат во училишна клупа.За тргнувањето во училиште може да се подготват  преку повторување на некои вештини како читање,пишување или броење, како повторно би се навикнале на обврски.Со квалитетна комуникација родителите можат да постигнат детето да биде свесно  и подготвено за новите задачи и промената која го очекува.
И за крај уживајте во летото кое е пред нас.Одморете, забавувајте се, поминете квалитетно време со своите дечиња. Со нови сили се гледаме од септември, се надевам во една поубава учебна година.

 
 Милена Трајчевска
                                                                              Специјален едукатор и рехабилитатор
ПОУ ,,Иднина"- Скопје