"
За момент исклучете ги уредите,вклучете го срцето,разговорот и играта"
Во времето на оваа криза со корона вирусот,кога се’ некако е поинаку од вообичаеното и кога следиме препораки од Владата на Република Северна Македонија,препораки од СЗО,препораки од Министерството за образование и наука ,сите ние се трудиме да функционираме нормално во рамките на секојдневните активности.Единствен начин на настава и образование во моментов е преку Далечинско учење,Учење од дома кое секако се одвива преку различни електронски уреди-телевизор,таблет,мобилен телефон,компјутер.Тој е единствениот начин на комуникација,учење и поврзување на учениците,родителите и наставниците.Сепак,сигурно секој како родител барем еднаш се запрашал колку време во денот децата смеат да поминуваат пред овие електронски уреди,со оглед дека и учењето е преку нив,но и поголемиот дел од денот дечињата се во домот.Секако временски доволно за да се завршат сите активности и обврски во врска со учењето ,можеби и нешто дополнително забавно соодветно на возраста , но секако не премногу.
Според направени истражувања за влијанието на телевизијата на развојот на децата,до 18години детето поминува гледајќи телевизија повеќе време отколку во било која друга активност,освен во спиење.Во многу семејства телевизорот е постојано вклучен,па е по малку чудно да му се одредува време на детето за пред телевизор,кога тоа време не постои ни за возрасните.Сигурно е дека понекогаш телевизијата има и предности(дава дополнителни информации за светот кој детето го опкружува или го интересира),но и многу недостатоци,како што се:пасивност,склоност кон дебелеење,децата се без потребната физичка активност,тешко се концентрираат,имаат потешкотии со памтењето,немаат развиени вербални способности,нити знаење како да го користат своето слободно време...
ТВ ПРЕД СПИЕЊЕ...
Нема потреба децата да гледаат ТВ пред спиење.Содржините коишто се на ТВ навечер се најчесто прилагодени за возрасните(информативни емисии,акциони филмови...) и најчесто се премногу стресни и за возрасните,а уште повеќе за децата.Содржините коишто ги впиваме пред сонот се втиснуваат и влијаат на квалитетот на спиењето и на општата перецепција на детето.Затоа пред спиење за децата се препорачуваат лесни содржини и ритуали со родителите како што се :заеднички разговор,читање на приказни,бајки,заеднички игри.
КОИ СОДРЖИНИ ДЕТЕТО ТРЕБА ДА ГИ ГЛЕДА?
Научно е докажано дека децата кои гледаат детски едукативни емиисии подобро читаат и имаат подобри артикулациони способности од оние деца кои гледаат само цртани филмови и емисии за возрасни.Исто така,бидејќи ТВ не бара никаква ментална активност ,може да делува и на намалување на стресот,како за возрасните,така и за децата.Затоа,на децата им се препорачуваат документарни научни,едукативни програми,ТВ бајки,емисии за животински и растителен свет.Од друга страна,децата не смеат да гледаат информативни емисии(вести,дневник)бидејќи немаат искуство и знаења како возрасните,па тоа што ќе го слушнат делува на нив збунувачки и застрашувачки,како ни акционите филмови или хорор филмови.Најголем ризик од претерано гледање на ТВ е кога ќе се изгуби селективност во избор на содржините,а телевизорот стане исто толку важен речиси како да е член на семејството.
Последните години ,се’ поголем е бројот на специфични проблеми во развојот на децата ,како и во нивното однесување.Сведоци сме дека денес децата растат во сосема друг амбиент и опкружување од порано.Децата живеат во време ,,нурнати,, во телевизиските содржини,што е многу повеќе од оние ,,два цртани филмови,,коишто ние како деца сме ги гледале пред спиење.
КАКО ТВ КАНАЛИТЕ СО ЦРТАНИ И АНИМИРАНИ СОДРЖИНИ ДЕЛУВААТ НА РАЗВОЈОТ НА ДЕЦАТА?
Во раната возраст децата најмногу информации примаат преку сензорните дразби од околината.Детето најмногу го привлекува звук,допир,мирис,а потоа и ликови,бои,форми.Овие дразби го привлекуваат,детето го насочува вниманието кон тие дразби,потоа и го доживува,што значи дека ги поттикнуваат нивните емоционални реакции.Без оглед дали тоа им предизвикува чувство на пријатност или непријатност,тие сепак се многу корисни за нивниот развој,бидејќи им даваат можност да се запознаат со реалниот свет кој ги опкружува.На овој начин се поттикнува сознајниот развој на детето.За детето да има сознание за нешто,најпрво треба да има сетилно искуство на кое се базира стекнување на сите сознанија на оваа возраст,а кои подоцна стануваат стабилна платформа за понатамошно континуирано надградување.
СЕНЗОРНА ДРАЗБА-НАБЉУДУВАЊЕ-ДОЖИВУВАЊЕ-ЕМОЦИОНАЛНА РЕАКЦИЈА-СОЗНАЕН ПРОЦЕС
Ако детето го изложиме постојано на тв каналите со цртани филмови тие многу често ќе го привлечат кон себе ,но често и ќе го одвлечат од светот кој го опкружува.Овие канали се правени така што ги карактеризираат премногу силни,јаки бои,карактеристична мелодија,периодично повторување на содржини и неограничено време на емитување.Всушности секое стимулирање е многу силно и пренагласено.Ова се сите карактеристики кои го окупираат вниманието на детето,но не даваат никакви информации за реалниот свет,туку децата ги вовлекуваат во нереален виртуелен свет.По таква изложеност на хиперстимулација,која ја нудат ТВ каналите со цртани,анимирани содржини,реалниот свет изгледа како една бледа слика,недоволно привлечна.Од овие причини тие не можат да заменат вистинска природна стимулација и ако не остават време и простор за неа имаат негативно влијание на развојот на детето.На детето не му останува доволно простор и време да истражува,да се движи,односно да се вклучи во реалниот свет кој го опкружува.Не стекнува искуства врз основа на реални различни предмети,текстури,мириси,звуци,бои и законитости кои владеат меѓу нив,а неопходни се за сознавање на оваа возраст. Детето преку движење и сетилата ги стекнува сите искуства на кои се базира неговото сознание.
Со поминување на поголемиот дел од денот пред телевизорот ,компјутер или мобилен телефон кај децата често се јавуваат и следните проблеми,па дури и кај децата со типичен развој:
-доцнење на развојот на говорот или проблем со артикулацијата
-проблем со вниманието и концентрацијата
- несоодветно и неадекватно однесување,антисоцијално однесување
-односно детето доцни во сите сегменти од развојот
Кај повеќето од овие деца времетраењето поминато пред ТВ или компјутер се зглемило и предизвикало зависност.Најважно е да се напомене дека децата учат откривајќи го светот околу себе.Затоа е потребно да имаат различни интереси на кои ќе го насочуваат вниманието.Така ќе доаѓаат до сознанија,а подоцна до идеи и мислење.На крајот се развива говорот како највисока сознајна функција.
ИНТЕРЕС-ВНИМАНИЕ-РАЗВОЈ НА СОЗНАЈНИ ПРОЦЕСИ-ИДЕИ,РАЗМИСЛУВАЊЕ-ГОВОР
ЗАПОМНЕТЕ-Детето треба да трча,истражува,допира.И во овие услови сега играта надвор е најважна,воздухот,сонцето се најважни и за здравјето на сите дечиња.Но,секако и играта дома и вклучувањето на детето во активности секојдневни според неговите способности и можности.Неопходно му е да го доживува своето тело и просторот во кој се наоѓа.Тоа не се добива гледајќи во ниеден екран.
ИСХРАНА ПРЕД ТЕЛЕВИЗОР И МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН...ДА ИЛИ НЕ?
Исхраната е активност која во себе содржи повеќе функции.Секако прво ви паѓа на памет добивање на чувство на ситост и внесување на хранливи материи кои ни се потребни.Секако е најважно тоа,бидејќи од тоа зависи и физичката состојба и здравје на детето,но покрај ова,исхраната е ритуал кој ни овозможува емоционална размена.Н а детето кое е гладно,му приоѓа мама со насмевка на лицето,а притоа му дава храна која го ослободува од непријатниот глад и предизвикува задоволство и ситост.Ако и мајката му се обраќа на детето додека го храни,разговара со него,тогаш пријатноста е и во самиот однос мајка –дете.На детето треба да му се даде можност да испробува различни вкусови и текстури на храна,да му се зборува,да се насочува.Затоа,не треба вниманието да се насочува кон други содржини ТВ,таблет,компјутер...),бидејќи на тој начин го лишуваме од сите благодети кои ритуалот исхрана ги има.Сигурно дека далеку полесно и побрзо е за кратко време да се нахрани детето кое гледа во екранот или за тоа време мајката да разговара со пријателка .За жал,на овој начин е задоволено само она прво ниво на хранење ,а сите останати ги нема.Да, детето внело во своето тело неопходни материи,но не уживало во вкусовите,во крцкавото или сочно залаче,нити пак во емоционалната размена со родителот.Човекот е сложено суштество и има цел грст различни потреби.Затоа и хранењето има за задача да задоволи многу повеќе потреби од само чувството на ситост.Кога е поголемо детето ,дозволете му да се храни само.Можеби и ќе се извалка ,но сето тоа е со цел да се научи,да се вежба моторика,координација,самопомош и да се усвои активност и навика која ќе му биде неопходна за самостоен живот.
Екраните и мониторите ги оддалечуваат родителите и децата,но влијаат и на психосоцијалниот развој на децата.Исклучете ги уредите,вклучете го срцето,разговорот и играта.Екраните не се дадилки.
Посветете му на детето многу време ,правете заедно секојдневни активност надвор и во домот.Дечињата нека се дружат со други деца,нека НЕ им биде најдобар другар телефонот или комјутерот.