Во период од Април 2026 до Јуни 2026 година успешно беа реализирани заеднички тренинзи со ученици од партнер училиштата во Програмата „Touch the Goal – Football for Every Child“.
Демонстрација на спортски и моторички активности, насоки за безбедно и ефикасно спроведување на тренинзите за време на наставата, размена на искуства и добри практики помеѓу наставниците, дискусија за предизвиците при реализација на наставните содржини беа дел од активностите реализирани во овој период. По завршување на секој од тренинзите кај учениците беше забележан напредок во моторичкиот, социјалниот и емоционалниот развој, како и значително подобрување на фудбалските вештини. Преку инклузивен пристап и соодветно адаптирани активности се создаде позитивна средина во која секое дете доби можност активно да учествува, да напредува и да доживее чувство на успех.
ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово https://www.facebook.com/share/v/1cMuHLTaH8/
ООУ „Магдалена Антова“ - Куманово https://www.facebook.com/share/p/1JdEjRNaWV/
ООУ „Илинден“ - Крива Паланка https://www.facebook.com/share/p/1Dh8JBDfsC/
ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово https://www.facebook.com/share/p/1HNSUhPETq/
ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец https://www.facebook.com/share/p/18vkSBnGK1/
ООУ „Киро Глигоров“ - Центар
ООУ „Васил Главинов“ - Чаир https://www.facebook.com/share/p/1D2A5r89rj/
ООУ „Живко Брајковски“ - Бутел
ООУ „Имри Елези“ - Чаир https://www.facebook.com/share/r/1FyyWQtEKS/
Во понатамошниот текст накратко се објаснети тренинзите
1. Првиот тренинг беше реализиран како вовед во програмата и претставуваше запознавање на учениците со основните фудбалски активности.
Придобивки за децата:
• Развој на основна координација и контрола на движењата.
• Подобрување на ориентацијата во простор.
• Запознавање со основните елементи на фудбалската игра.
• Поттикнување на самодовербата преку успешно извршување на задачите.
Придобивки за наставниците:
• Практична примена на адаптирани спортски активности.
• Следење на индивидуалните способности на учениците.
• Стекнување увид во потребите на секое дете.
2. Преку вториот тренинг, насочен кон усовршување на водење топка и додавања учениците реализираа полигонски задачи со промена на насоката на движење, а потоа работеа во парови на додавање и примање топка. Во завршниот дел беа организирани мини игри 2 на 2 во кои учениците ги применуваа претходно стекнатите вештини.
Придобивки за децата:
• Подобрување на прецизноста при додавање.
• Развој на внимание и концентрација.
• Подобрување на координацијата око-стапало.
• Развој на чувство за соработка.
Придобивки за наставниците:
• Подобрување на вештините за организација на активности во парови.
• Примена на различни начини на мотивирање на учениците.
Третиот тренинг беше посветен на удари кон цел и комбинирани активности. Учениците водеа топка низ конуси, реализираа додавања во движење и потоа изведуваа удари кон целта. Во завршниот дел беше организирана мини игра 3 на 3.
Учениците покажаа напредок во техниката на удар и поголема сигурност при користење на топката. Видлива беше и поголема комуникација меѓу учениците.
Придобивки за децата:
• Подобрување на точноста при удар.
• Развој на моторичка контрола.
• Поттикнување на комуникацијата и соработката.
• Развој на спортски навики.
Придобивки за наставниците:
• Следење на техничкиот напредок на учениците.
• Подобрување на методите за индивидуална поддршка.
Полигонски активности кои комбинираа водење, додавање и удар кон цел беа цели на четвртиот тренинг. Учениците работеа индивидуално и во парови, а потоа учествуваа во мини натпревари.
За време на активностите учениците покажаа подобрена самостојност и способност за следење на инструкции. Се забележа напредок во движењето низ просторот и во прецизноста на изведување.
Придобивки за децата:
• Подобрување на рамнотежата и координацијата.
• Развој на способност за решавање задачи.
• Зголемување на самостојноста.
Придобивки за наставниците:
• Подобро управување со група ученици.
• Примена на визуелни и практични методи на работа.
Комбинација од технички задачи и мини натпревари беа реализирани за време на тренинг бр.5. Учениците активно учествуваа во сите активности и покажаа напредок во соработката со своите соученици.
Посебен акцент беше ставен на тимската игра и меѓусебното почитување.
Придобивки за децата:
•Развој на тимски дух.
• Подобрување на комуникацијата.
• Поттикнување на меѓусебна поддршка.
• Подобрување на моторичките способности.
Придобивки за наставниците:
• Развивање стратегии за инклузивно учество.
• Следење на социјалниот развој на учениците.
Во текот на следните тренинзи учениците продолжија со усовршување на додавањата, водењето топка, ударите кон цел и учеството во мини натпревари. Секој тренинг содржеше полигонски задачи со различно ниво на сложеност и активности кои бараа примена на повеќе фудбалски елементи истовремено.
Кај учениците беше забележано континуирано подобрување на координацијата, концентрацијата и самостојноста. Учениците со атипичен развој покажаа поголема сигурност во извршувањето на задачите и подобра комуникација со врсниците.
Главни придобивки:
• Подобрена контрола на топката.
• Подобрена моторичка координација.
• Развој на самодоверба.
• Подобрување на социјалната интеракција.
• Подобрување на концентрацијата и дисциплината.
Со почетокот на втората фаза акцентот беше ставен на тимската соработка, комуникацијата и заедничкото решавање задачи. Учениците работеа во мали групи, реализираа додавања со задолжително учество на сите членови и учествуваа во тимски моторни игри.
Во овој период беше забележано значително подобрување на меѓусебната комуникација, почитувањето на правилата и чувството на припадност кон групата. Учениците покажаа поголема подготвеност за помагање и охрабрување на своите соученици.
Главни придобивки:
• Развој на социјални вештини.
• Подобрување на комуникацијата.
• Развој на одговорност кон тимот.
• Зголемена самодоверба.
• Подобрување на инклузијата во групата.
Последните тренинзи претставуваа завршна фаза во која учениците ги применуваа сите претходно стекнати знаења и вештини. Реализирани беа комбинирани полигони, мини натпревари, групни активности и тимски игри со адаптирани правила.
Учениците покажаа значителен напредок во техничките елементи, но и во социјалните компетенции. Видлива беше поголема самостојност, подобра комуникација и поголема сигурност во извршувањето на задачите.
Главни придобивки за децата:
• Подобрување на моторичките способности.
• Подобрување на координацијата и рамнотежата.
• Развој на тимска работа и комуникација.
• Подобрување на самодовербата.
• Развој на чувство на припадност и прифатеност.
Главни придобивки за наставниците:
• Унапредување на професионалните компетенции.
• Стекнување практични искуства за работа со инклузивни групи.
• Подобрување на методите за мотивација на учениците.
• Развивање на индивидуализиран пристап во наставата.
• Подобрување на способноста за следење и евалуација на напредокот.