На 21.05.2026 година, во ООУ „Григор Прличев“ беше реализирана презентација за родители во рамки на проектот „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“.
Презентацијата ја реализираше Ивана Василевска Петровска, стручен соработник - специјален едукатор и рехабилитор од ОУРЦ „Иднина“ - Скопје, со цел родителите да се запознаат со проектните активности, темите што се обработуваат со учениците и значењето на навременото препознавање и превенција на врсничко насилство.
Презентацијата беше реализирана пред Советот на родители, а едукативните материјали од презентацијата беа дополнително споделени со родителите од целото училиште, со цел поширока информираност и вклученост во превентивните активности.
Преку отворена дискусија и размена на искуства, родителите имаа можност да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат децата, важноста на поддршката во семејството и улогата на училиштето и родителите во создавање безбедна и поддржувачка средина за секое дете.
Проектот „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“ е поддржан од Министерството за образование и наука.