Драмско-едукативна работилница за интернет насилство во ОУРЦ „Иднина“ – Скопје

Во рамки на третата работилница од серијата активности на тема врсничко насилство, реализирана беше интерактивна активност посветена на препознавање и превенција на интернет насилство.

Работилницата ја реализираа специјалните едукатори и рехабилитатори Моника Огненова и Еленора Наумоска кои преку игра, визуелна поддршка, драмски ситуации и заеднички активности создадоа пријатна и поттикнувачка атмосфера за учење и дружење. Учениците активно учествуваа во препознавање на добри и лоши пораки на интернет, покажуваа поддршка едни кон други и преку заедничка интеракција градеа вештини за побезбедна комуникација.

Во текот на работилницата беше забележана одлична меѓусебна соработка, позитивна енергија и активно охрабрување помеѓу учениците. Работилницата уште еднаш покажа дека преку игра, разбирање и заедништво, децата најлесно учат важни животни вештини. 

Активноста се реализира во рамки на проектот „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“, поддржан од Министерството за образование и наука, а имплементиран од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје.

Галерија

Поврзани блог статии