Учиме преку драма: Како да реагираме кога сме сведоци на врсничко насилство?

„Што може да направи сведокот?“ – преку игра на улоги и многу забава, учениците од ООУ „Григор Прличев“ учеа дека и мал гест на поддршка може да направи голема разлика. Работилницата беше реализирана од страна на специјалните едукатори и рехабилитатори од ОУРЦ „Иднина“ - Скопје Татјана Митковска и Анкица Стрезовска. 

Во четвртата драмско-едукативна работилница учениците влегуваа во различни улоги, погодуваа „тајни мисии“ и заеднички размислуваа како да реагираат кога ќе бидат сведоци на врсничко насилство. Преку интерактивни активности, глума и дискусија, децата покажаа одлична соработка, креативност и емпатија.

Работилницата беше исполнета со позитивна атмосфера, многу вклученост и искрени детски реакции, а најважно од сѐ – учениците заминаа со порака дека поддршката, храброста и меѓусебното разбирање создаваат побезбедна и поттикнувачка училишна средина. 

Активноста се реализира во рамки на проектот „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“, поддржан од Министерството за образование и наука, а имплементиран од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје.

Галерија

Поврзани блог статии