Преку игра, смеа и глума – учениците од ООУ „Григор Прличев“ учеа како да препознаат и спречат сајбер булинг.
Работилницата беше реализирана од страна на специјалните едукатори и рехабилитатори од ОУРЦ „Иднина“ - Скопје Татјана Митковска и Анкица Стрезовска.
Во рамки на драмско-едукативната работилница на тема сајбер булинг, учениците учествуваа во интерактивни сценарија, играа улоги и учествуваат во тимски активности преку кои разговараа за однесувањето на интернет, навредливите пораки и начинот на кој можеме да бидеме поддршка едни на други.
Особено нѐ радува тоа што децата беа активно вклучени, со многу идеи, искрени реакции и позитивна енергија. Работилницата помина во одлична атмосфера исполнета со смеа, соработка и дружење, а учениците покажаа дека најдобро се учи кога сите заедно создаваат безбедна и поддржувачка средина.
Активноста се реализира во рамки на проектот „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“, поддржан од Министерството за образование и наука.