-
01.03.2026
-
Touch the Goal - Допри го голот
Во период од три дена, 26.02-28.02.2026 година, наставници по физичко и здравствено образование од 10 селектирани основни училишта учествуваа на професионална обука организирана од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје. Обуката претставува значаен чекор во имплементацијата на моделот за инклузивен фудбал, кој активно продолжува во училиштата.
Ова не беше само обука, туку оперативна подготовка за реална примена – со јасни чекори, структуриран пристап и конкретни алатки што непосредно се интегрираат во наставата. Обуката беше структуриран и прогресивен процес што ги поврза принципите, стратегиите и конкретната примена во наставата по физичко образование.
Програмата беше организирана низ шест тематски целини а во фокусот беа:
1. Инклузивен фудбал во пракса – поставување јасни принципи и разбирање на различни функционални профили.
2. Пристап кон ученици со попреченост – практични стратегии и примена на Универзален дизајн во спортска средина.
3. Комуникација без притисок – структурирани комуникациски пристапи и употреба на Football Talk Cards како поддршка за активно учество.
4. Pop-Up Inclusion Corner во функција на тренинг – адаптација на простор, материјали и активности според потребите на секое дете.
5. Врсничка поддршка – јакнење на тимската култура преку Peer Power Passport и јасно дефинирани улоги во тимот.
6. Адаптиран фудбалски тренинг – демонстрација, ре-дизајн и изработка на личен план за примена во училиштето.
Со оваа структура, обуката обезбеди оперативна рамка, а не само теоретско знаење – конкретни чекори што наставниците ги интегрираат во секојдневната работа со учениците.
Клучен сегмент на обуката беше практичната примена на иновативните алатки развиени во рамки на проектот од стручниот тим на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје. Овие алатки се дел од интегриран пристап што овозможува инклузијата да стане функционален дел од секој час по физичко образование.
1. Pop-Up
Флексибилен сет со адаптирани материјали и структурирани насоки што овозможува прилагодување на просторот, активностите и динамиката на тренингот според индивидуалните потреби на учениците.
2. Football Talk Cards (Комуникациски картички за фудбал)
Визуелни и структурирани комуникациски алатки што обезбедуваат јасни инструкции, поддршка за ученици со потешкотии во комуникацијата и зголемување на самостојноста во спортска средина.
3. Peer Power Passport (Пасош за врсничка поддршка)
Инструмент за следење на моторен и социјален напредок, фер-плеј однесување и развој на врсничка поддршка како дел од тимската култура.
Овие алатки се конципирани како дел од современ и одржлив модел на инклузивен спорт, кој овозможува доследна и системска примена во училиштата бидејќи недискриминирачка спортска пракса се гради преку систем, алатки и јасна методологија – не случајно, туку професионално и одговорно.
Централната порака на обуката беше јасна:
Инклузивниот спорт не значи присуство – туку активно и значајно учество.
Во разработениот модел секој ученик има реална улога се вреднува трудот и напредокот правилата се адаптираат за еднаква можност врсничката поддршка е дел од структурата на тимот.
На овој начин, спортот станува простор на еднаквост, достоинство и развој за сите ученици.
По завршувањето на обуката, 10-те училишта започнуваат со примена на адаптираните тренинг-фази, користење на иновативните алатки во редовната настава, организирање инклузивни спортски активности, следење и евалуација на резултатите
Обуката беше реализирана од стручниот тим на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје:
1. Лорета Андреевска-специјален едукатори и рехабилитатор, директор на ОУРЦ „Иднина“-Скопје;
2. Ирена Новаческа Макалоска-специјален едукатор и рехабилитатор во одделение за едукација и координација;
3. Катерина Величковска-специјален едукатор и рехабилитатор во одделение за едукација и координација;
4. Николче Нешевски-специјален едукатор и рехабилитатор, наставник во предметна настава во ОУРЦ„Иднина“-Скопје;
5. Павел Мирчевски-специјален едукатор и рехабилитатор, стручен соработник во одделение за специјализирани услуги во ОУРЦ „Иднина“-Скопје;
6. Зоран Панчевски-наставник по физичко и здравствено образование во ОУРЦ „Иднина“-Скопје.
-
инклузивен фудбал
,
-
инклузивно образование
,
-
ОУРЦ Иднина Скопје
,
-
инклузивен спорт
,
-
физичко образование
,
-
Touch the Goal
,
-
UEFA Fondation for Children
,
-
Pop-Up Inclusion Corner
,
-
Football Talk Cards
,
-
Peer Power Passport
,