Потпишан меморандум за соработка со избраните основни училишта за учество во програмата Touch the Goal

Во текот на вчерашниот ден, 18.02.2026 година (среда) беше потпишан документ - Меморандум за соработка за учество во проект „Touch the Goal-допри го голот“ помеѓу Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје и 10 општински основни училишта кои според индикаторите за критериумите во јавниот оглас објавен на 26.01.2026 година, во процесот на селекција беа рангирани највисоко. 

  1. ООУ „Киро Глигоров“ - општина Центар
  2. ООУ „Живко Брајковски“ - општина Бутел
  3. ООУ „Имри Елези“ - општина Чаир
  4. ООУ „Васил Главинов“ - општина Чаир
  5. ООУ „Тефејјуз“ - општина Чаир
  6. ООУ „Кочо Рацин“ - општина Петровец
  7. ООУ „Христијан Карпош“ - општина Куманово
  8. ООУ „Магдалена Антова“ -општина  Куманово
  9. ООУ „Илинден“ - општина Крива Паланка
  10. ООУ „Кочо Рацин“-општина Кратово

Во документот е регулирана меѓусебната соработка за учество во проектните активности насочени кон развој и спроведување на инклузивен спортски модел за ученици со попреченост и ученици со типичен развој