-
Цели на јавниот повик
Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“- Скопје објавува јавен повик за доставување на апликации од општинските основни училишта од Североисточниот и дел од Скопскиот реон, односно училиштата од општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец и Илинден, за создавање иновативен, адаптиран и одржлив модел за инклузивен фудбал достапен за ученици со попреченост, преку пренослива опрема, стручна поддршка и врсничко учество.
Зошто да учествувате?
-
Избраните училишта ќе бидат вклучени во сеопфатна инклузивна фудбалска програма која опфаќа:
-
Користење на иновативни инклузивни материјали, специјално развиени за потребите на проектот со визуелно и видео-упатство за користење. По завршување на проектот материјалите се користат како дел од редовната инклузивна практика на училиштето, во согласност со целите и насоките на проектот.
-
Овозможување пристап до фудбал за ученици со аутизам и ученици со комплексни образовни потреби, во безбедна и поддржувачка училишна средина;
-
Формирање училишен инклузивен фудбалски тим, составен од ученици со и без попреченост, со поддршка од наставници и стручни лица;
-
Практични фудбалски тренинзи во училиштето, со поддршка и насоки за инклузивна реализација на активностите;
-
Учество во програма за обука, наменета за: наставници по физичко образование, членови на стручната служба, образовни асистенти, ученици-врсници, со фокус на инклузивен пристап на фудбалскиот терен;
-
Воспоставување соработка меѓу училишта на национално ниво, размена на искуства и добри практики во инклузивниот спорт;
-
Учество во национална промоција на проектот, вклучително и продукција на документарен филм;
-
Вклучување на родителите преку организирани работилници за поддршка на децата и
-
Можност за учество во инклузивен фудбалски камп;
-
Прирачник за инклузивен фудбал наменет за практична примена во училишна и теренска средина.
-
Поблиски критериуми за рангирање на пријавените апликации
3.1) Институционални и административни
Општинското основно училиште има
-
важечки договор за соработка со ОУРЦ „Иднина“ – Скопје
-
валиден Акциски план за соработка со ОУРЦ „Иднина“ – Скопје за учебната 2025/2026 година
-
во рамки на Акциските планови, училиштето има реализирано најмалку три (3) активности во учебната 2024-2025 и 2025-2026 година
3.2) Капацитет за инклузивна пракса и соработка
-
Училиштето има воспоставена практика на работа со ученици со и без попреченост;
-
Училиштето соработува со локалната заедница во рамки на воспитно-образовни и инклузивни активности;
-
Училиштето поддржува и реализира активности за врсничка поддршка и промоција на инклузивна училишна клима;
3.3) Капацитет за инклузивни спортски активности
-
Училиштето изразува подготвеност за работа со мешани групи ученици (ученици со попреченост и ученици со типичен развој);
-
Училиштето изразува подготвеност за флексибилно формирање на тимови, според способности и ниво на поддршка, а не според пол или натпреварувачки резултат;
-
Препорачлив број за тимот се 13 ученици (8 ученици со документ - Наод и мислење од стручен тим од Службата за функционална проценка - Јавна установа Здравствен дом Скопје, и 5 ученици врсници);
-
Училиштето располага со спортска сала или соодветен простор за реализација на фудбалските активности (предност имаат училишта кои располагаат со пристапен простор (рампи, пристапни патеки), можност за прилагодување на просторот.
3.4) Подготвеност за следење и евалуација
-
Училиштето изразува подготвеност за: водење основна проектна евиденција, доставување фото и видео-документација од активностите, учество во мониторинг и евалуација на проектот, доколку тоа го побара организаторот.
4.Начин на пријавување
Пријавувањето се врши исклучиво по електронски пат преку пополнување на формуларот за апликација кој е прилог на јавниот повик. Пополнетиот образец се архивира и скениран, заедно со придружната документација во pdf формат се испраќа на ourcidnina@gmail.com.
По испраќање на апликацијата ќе добиете архивски број за истата.
Краен рок за доставување на апликациите е: 28.01.2026 година до 16.00 часот.
За дополнителни информации, можете да нè контактирате на ourcidnina@gmail.com или на телефонскиот број +389 71 239 845
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Инклузивен агол во кутија – Pop-up Inclusion Corner, Картички за фудбалска комуникација – Football Talk Cards, Пасош за врсничка поддршка – Peer Power Passport
Апликациите ќе бидат разгледани од страна на Комисија составена од пет (5) члена, која ќе ја врши селекцијата врз основа на исполнетоста на критериумите и доставената документација, согласно принципите на еднаквост, транспарентност и инклузивност.