-
28.11.2025
-
Touch the Goal - Допри го голот
На 28 ноември во Холидеј ин, беше промовирана инклузивна фудбалска програма со наслов ‘Touch the Goal“- “Фудбал за секое дете“.
Свои обраќања на настанот имаа директорката на училиштето, Лорета Андреевска, генералениот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, Сашо Огњеноски, државен секретар во Министерство за спорт и Душан Томишич, претседател на Комисија за спречување и заштита од дискриминација.
Општата цел на инклузивната фудбалска програма е создавање иновативен, адаптиран и одржлив модел на инклузивен фудбал достапен за ученици со попреченост, преку пренослива опрема, стручна поддршка и врсничко учество.
Специфичните цели на програмата се насочени кон прилагодена спортска опрема за целната група, структурирана обука за наставен и стручeн кадар, организирана врсничка поддршка, со цел активно вклучување, еднакви можности и социјална интеракција преку фудбалот.
Програмата ќе биде реализирана со поддршка од УЕФА фондацијата за деца во соработка со Фудбалската федерација на Македонија.
Фудбалската Федрација на Македонија, годинава го номинираше основното училиште и ресурсен центар „Иднина“, како кандидат од нашата земја кој успешно работи на создавање на инклузивни практики кои оставаат трајно влијание. ОУРЦ „Иднина“ е меѓу добитниците од другите земји кои работат со деца со попреченост и ранливи категории на деца, како што се: Англија: Make-A-Wish UK, Германија: AMANDLA EduFootball, Италија: Soleterre, Шпанија: Babies Uganda, Шведска: Min Stora Dag (My Special Day) и многу други од земји како Австрија, Белгија, Грција, Србија, Русија, Ирска, Норвешка и др