Flipped Classroom и Blended Learning

Flipped Classroom и Blended Learning се современи образовни модели кои го ставаат ученикот во центарот на наставниот процес. 
Во Flipped Classroom моделот на учење, традиционалниот концепт на настава се менува. Учениците прво самостојно од дома истражуваат за новите содржини. Истражуваат од различни извори, а времето во училницата се користи за дискусија со наставникот, практична примена, вежби како и индивидуална поддршка од страна на наставникот.
 Моделот за Blended Learning или комбинирано учење, комбинира елементи од традиционалната настава со онлајн учење. Дел од наставата се одвива со користење на дигитални технологии и алатки, додека друг дел е во училница (face to face) што овозможува флексибилност и поголема интеракција.
 Овие модели наоѓаат примена во специјалната едукација, бидејќи овозможуваат индивидуален пристап кон секој ученик, адаптиран на способностите и потребите. Воедно се следи напредокот на ученикот и со тоа се прилагодуваат наставните содржини според неговиот ритам на учење.
Постојат 12 модели на комбинирано учење (blended learning)
1. Ротација на станици комбинирано учење
2. Ротација во кабинет со компјутери комбинирано учење
3. Учење на делачина комбинирано учење (исто така наречено збогатено виртуелно)
4. Флексибилно комбинирано учење
5. 'Превртена  училница' комбинирано учење
6. Индивидуална ротација комбинирано учење
7. Проектно-базирано комбинирано учење
8. Самостојно ориентирано комбинирано учење
9. Внатре-надвор комбинирано учење
10. Надвор-внатре комбинирано учење
11. Дополнително комбинирано учење
12. Совладано знаење комбинирано учење
Најголема улога во образованието на учениците со посебни образовни потреби завземаат моделите: Inside-out blended learning и Outside-in blended learning каде ученикот новата наставна содржина почнува да ја изучува надвор, во околината а потоа се продолжува внатре во училница и обратно. На овој начин на учениците им се презентира содржината преку повеќе медиуми но во исто време им се овозможува стекнатите знаења да ги презентира на повеќе начини. Од друга страна на наставниците им се овозможува да го следат ученикот во повеќе ситуации и на тој начин да ги евалуираат нивните постигнувања од повеќе страни. 
Со презентирањето на информации на разновидни начини, овозможување разновидни начини учениците да дејствуваат и да се изразуваат, мотивирање на учениците и овозможување разновидни начини за ангажирање, го позиционираат комбинираното учење во рамката на универзалниот дизајн. 
 
 
 

             
 
 
 

Галерија