-
09.02.2023
-
Добри практики
ИМАГИНАЦИЈА, ПАНТОМИМА, СИМУЛАЦИЈА НА АКТИВНОСТИ ВО МАЛИ ГРУПИ ИЛИ СОСТАНОЦИ, ИНТЕРВЈУ, НАРАЦИЈА, МУЗИЧКА СЛИКА, ЦРТАЊЕ ИЛИ ПИШУВАЊЕ се техниките кои се употребуваат во процесот на драма терапијата. Овој процес е облик на психотерапија и истиот не е филм или театар бидејќи овде нема глумци и публика туку само учесници.
Во драма процесот не постои публика која што седи и набљудува. Драма процесот е повеќе како авантуристичка игра, настап во којашто сите учесници на некој начин партиципираат во истата. Секој од учесниците има некакво учество како карактери во различни ситуации,истите ги истражуваат и сите учесници подеднакво учествуваат во создавањето на драмата.Никој од учесниците не е само набљудувач ,само да ја следи претставата,секој еден е учесник.Во зависност од способностите ,афинитетите и личноста на учесник така и се одредува нивното учество во драма процесот.Некој можеби ќе биде раскажувач,другиот директно ќе учествува во дијалози меѓу ликовите,а некои пак индиректно преку подготвување на се’ што е потребно за изведување на драмата.
Применувајќи го драма процесот во вашата училница го поттикнувате.олеснувате учењето и го правите позабавно за учениците.Учениците се ставаат во различни ситуации за да ги доживеат истите,учествуваат во креирање на сценографијата или просторот, костимографијата или маските. Една приказна или бајка многу полесно е да се разбере од страна на учениците доколку директно учествуваат во неа со различен начин на учество.
Во изминатиот период во ОУРЦ "Иднина"-Скопје успешно и континуирано се имплементираат стекнатите искуства, знаења и добри практики за примена на драма техниките и игрите во активностите со учениците со посебни образовни потреби како алатки за подобрување на учењето и целокупниот развој на учениците.
Подрачје-Когнитивен развој (активност-Броеви); Подрачје-Социо-емоционален развој (активност-Емоции); Подрачје-Јазик и Говор (активност-Интерпретација на басна,,Лавот и глушецот,,).