Бесплатен топол оброк

Бесплатните оброци кои децата ги добиваат во нашето училиште имаат цел да го потпомогнат буџетот на нашите ученици. Секојдневно учениците добиваат топол оброк – доручек, ужина и ручек.

Во нашето училиште имаме кујна со трпезарија во кои се наоѓа училишниот готвач. Тука децата секојдневно доаѓаат во точно определено време со своите класни раководители за да го добијат својот оброк. При спроведување на оброците се постигнува уште една цел, а тоа е да се развијат културно-хигиенски навики и самостојност кај децата, како дел од спроведувањето на целите и задачите за реализација на воспитно-образовниот процес и Наставните планови и програми.

Бесплатен превоз

За нашите ученици училиштето обезбедува бесплатен превоз. Нашиот училишен автобус со пристапна рампа секојдневно ги превезува нашите ученици и нивните одители придружници од нивните домови до училиштето и повторно по заврчување на наставата од училиштето до нивните домови. На тој начин навистина им се олеснува и финансиски и технички на родителите,нивните дечиња,а наши ученици безбедно да пристигнат до училиштето, односно до нивните домови.Учениците при нивниот превоз се придружувани со наставник/неговател.