ПРИМЕНА НА АРТ ТЕРАПИЈА ВО ПОУ„ИДНИНА“-СКОПЈЕ
Арт терапијата се применува индивидуално со ученици од редовните општински
основни училишта по препорака на Службата за функционална проценка МКФ, по
претходно изготвен распоред на термини – еднаш или два пати неделно.
Во ОУРЦ „Иднина“ - Скопје арт терапијата се реализира во посебно адаптиран кабинет
за таа намена со сите неопходни средства и материјали, во пријатна атмосфера, од страна
на специјален едукатор и рехабилитатор Соња Божиновска, која ја врши опсервацијата,
проценката и ја креира програмата за арт терапија за секое дете индивидуално. Стручната
проценка дава единствен профил пред да се започне со примена на арт терапијата, со цел
да се постигне оптимално ментално здравје. За секој ученик се избираат подрачја и
активности за работа во зависност од неговите способности, можности и потреби.
Преку арт терапијата индивидуата ги изразува своите чувства, мисли, внатрешни
конфликти во вид на слика, цртеж или некој друг вид на уметност. Арт терапијата
преставува форма на психо терапија, која не се грижи за естетиката во уметничкото дело.
Значи, ние не се грижиме дали цртежот е убаво или не е убаво нацртан. Нас нè интересира
како ученикот се чувствува, oдносно да ги разбудиме емоциите и чувствата при
креирањето на ракотворбата.
Во ОУРЦ „Иднина“ – Скопје, во делот за сервисни услуги, ги применуваме следните
техники на арт терапија за работа со деца со посебни потреби:
- ЦРТАЊЕ ПРАВА И ЗАОБЛЕНА ЛИНИЈА
- РАБОТА НА ПЕСОК, ОРИЗ, ГРИЗ
- РАБОТА СО ВОДЕНИ БОИ НА ВЛАЖНА ХАРТИЈА И СО БОИ ЗА ПРСТИ
- БОЕЊЕ СО ПРСТИ
- ОТИСОЦИ СО ТУПФЕР
- ОГЛЕДАЛСКО ЦРТАЊЕ ФОРМИ
- КОЛАЖ ВО БОЈА
- РАБОТА СО ГЛИНА И ПЛАСТЕЛИН
- ЦВЕТНА МАНДАЛА
- РАБОТА СО ВОЛНИЦА
Специјален едукатор и рехабилитатор:
Соња Божиновска
e-mail: sonja1358@gmail.com