Арома терапија

ПРИМЕНА НА АРОМА - ТЕРАПИЈАТА КАКО ТРЕТМАН НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

 
Програмата има за цел релаксација и опуштање, поттикнување на позитивни емоции, експресија на истите и развој на ЦНС преку позитивно делување - иницијално преку примарните рецептори за мирис, арома дразбата преку аферентни и еферентни патишта го стимулира кортексот на ЦНС и смирувачки делува на вознемирени ученици.

Арома - терапијата се реализира во просторија каде учениците треба да бидат опуштени, легнати на полу мека подлога и секој на соодветно место кој сам ќе го избере и се користат мириси од масла, свеќи, миризливи стапчиња. Различните миризливи ароми имаат различна намена во секојдневието во зависност од потребите на индивидуата. Во ароматерапија се применува техника на дишење.

Техника на дишење – (подготовка, третман и завршен дел) со дадени инструкции од терапевтот, ученикот ги следи и по подготвеноста се применува техника на дишење во стоечка, седечка положба и легната позиција.
При примена на техниките за дишење во ароматерапијата се внимава на темпото и брзината на земање на воздух и издишување во зависност од можностите на ученикот и потребното време за усвојување на инструкциите