social image

Новости

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување во ОУРЦ „Иднина“-Скопје... 29.07.2025 Документите се доставуваат во рок од 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затво... Види детали
Активности за најмалите за стекнување компетенции ... 21.10.2025 Активностите треба да им нудат на учениците конкретни искуства преку кои можат да се стекнат со компетенции во когнитивн... Види детали
Одбележан Светскиот ден на храната 16.10.2025 16.10.2025 Светскиот ден на храната е меѓународен ден кој се слави секоја година во светот на 16 октомври за да го одбележи датумот... Види детали
Види ги сите нови вести

Искуства од корисници на нашите услуги

“Би сакала да го изразам моето задоволство од обуката „Инклузивно планирање“. Сметам дека темите беа многу релевантни и добро структуирани, покривајќи важни аспекти на инклузивноста кои лесно можат да се применат во наставата. Обуката беше интерактивна, со практични примери кои ми помогнаа да ги согледам предизвиците и можностите за инклузивност во училницата. Ваквиот пристап, според мене, значително ја зголеми вредноста на обуката и даде практични насоки кои ќе ми помогнат во секојдневната настава”.
Лариса Жупина-Митовски - наставник
“Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ - Скопје го посетуваме веќе три години. Самото траење на овој период зборува доволно за моето задоволство од услугите кои што ова училиште ни ги пружа. 
Деновите кога доаѓаме на часови се повод за радост и невообичаен ентузијазам а благодарение на ангажманот, професионалноста и дедицираноста на персоналот на ОУРЦ „Иднина“ како и на нивните совети за работа дома, можам да се пофалам и со забележлив напредок кај моето дете.“ 
И.С.- родител
„Обуката од страна на Основното училиште со ресусрсен центар „Иднина" - Скопје е одлично организирана. Имам само пофални зборови за обучувачите, таков тим ретко се наоѓа. Професионални, стручни, несебично ги споделија своите искуства.“
С.А-стручен соработник образовен асистент
„Навистина ми беше чест што бев дел од оваа обука Ви благодарам за споделените информации,знаења и практики. Посебно ми се допадна начинот на кој беа организирани групните активности, кои ни овозможија да размениме идеи и искуства со колегите.“
Слаѓана Јовановска-стручен соработник специјален едукатор
“Презадоволна сум од специјализираните услуги кои се понудени во ОУРЦ „Иднина“ кое го посетува мојот син И.С. Тимот на професионалци е секогаш тука за да му помогне и да му даде насоки, што многу ми значи како родител. Благодарна сум на училиштето што создава таква позитивна и поддржувачка средина. Тие го поддржуваат во неговиот развој и му овозможуваат да ги надмине сите предизвици на кои наидува. Во деновите кога мојот син е во Иднина, се буди со радост и очекување, знаејќи дека ќе биде опкружен со наставници кои го разбраат неговиот потенцијал. Огромна благодарност до целиот тим кој работи со моето дете!“
Весна Стојменоска – родител
 „Во оваа прилика сакаме да изразиме голема благодарност за услугата образовна асистенција што ја добива нашето дете од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ - Скопје. Асистентката се однесува со многу внимание кон него и работи со целосна посветеност и поддршка, за кои сметаме дека имаат позитивно влијание врз нашето дете.
Нејзината љубезност и ентузијазам, како и нејзиниот професионален и срдечен пристап се секогаш прилагодени за да одговараат на потребите на нашето дете и неговиот развој. Сметаме дека е создадена убава соработка и посакуваме така и да продолжи.“
Родители на ученик од редовно основно училиште
Секој  може
нешто
да промени

54

ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

78

УЧИЛИШТА ЗА ПОДДРШКА НА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

16

ОПШТИНИ ВО СКОПСКИ И СЕВЕРОИСТОЧЕН РЕГИОН

427

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ

489

вкупен број на вработени

52

специјални едукатори и рехабилитатори,стручни соработници и наставници

130

УЧЕНИЦИ ЗА ИНДИВИДУАЛИЗИРАНА И СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПОДДРШКА

80

УЧЕНИЦИ ВО ВОСПИТНО - ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС