„КРЕАТИВНИ МЕТОДИ ВО НАСТАВА СО УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ„

Во периодот од 06.02.2022 до 12.02.2022год. беше релизиран курс на тема ,,Креативни методи во настава со ученици со специјални образовни потреби". Kурсот е организиран во склоп на проектот Реализатор на курсот е Hrvatska udruga pripovjedaca ,,Pricalica".
Овој курс беше организиран во рамки на проектот „Креативни и иновативни решенија во едукацијата на ученици со посебни потреби“  финансиран од Националната агенција за европски образовни програми Еразмус+ во делот на учење преку индивидуални мобилности. На курсот присуствуваа 12 учесници од три земји-Словенија, Романија и Северна Македонија.
Методологијата беше базирана на теоретски часови и презентации на случаи на добра практика,како и дискусии и споредбени анализи на искуствата.Курсот беше фокусиран на социјални,уметнички игри, базирани на активности коишто го вклучуваат развојниот степен и поддршката во учењето на учениците.Останати алатки коишто се користеа беа проектна задача,игра на улоги,симулации на случаи,лабораториска анализа ,евалуација и рефлексија.
ОСНОВНИ ЗАДАЧИ НА КУРСОТ

  1. Разбирање на теоријата за образование на ученици со посебни образовни потреби
  2. Разбирањето како социјалните игри,арт терапијата и игрите ќе влијаат на развојот на учениците и ќе помогнат во нивното учење
  3. Идентификација и разбирање на факторите на ризик и бариерите за интеграција и инклузија
  4. Развивање на комуникација,соработка,презентација,решавање на проблеми,способност за критично и креативно размислување
  5. Запознавање со процесот ДРАМА како алатка за полесно учење и совладување на содржините на учениците со посебни образовни потреби
  6. Пронаоѓање и совладување на различни методи на креативност ,идеи и пронаоѓање на практични извори во наставата со ученици со посебни образовни потреби
  7. Подобрување на флуентноста на Англискиот јазик(официјален јазик на курсот)
  8. Промовирање на интеркултурни вредности
  9. Споделување на различни искуства од различни организации со цел подобрување на ефективноста во работата со ученици со посебни образовни потреби
  10. Развивање на онлајн соработката за подготовка на десеминација во насока на подобрување на идните партнерста и нови проекти
  11. Зајакнување на Европска соработка помеѓу луѓето вклучени во образование на ученици со посебни образовни потреби и вежбање на различни креативни методи во праксата
  12. Споредбена анализа на различни образовни системи

 

 

Галерија