Во текот на декември 2020 нашите ученици под менторство на нивните наставници учествуваа во кретивни работилници во рамки на проектот „1000 Менори“. Реализацијата на проектот е поддржана од три македонски училишта, кои во својата дејност го негуваат и образованието на децата со посебни потреби - ПОУ„Иднина“ – Скопје, ПОУ „Златен Сремац“ – Скопје и ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес.
Во проектот учество земаат и нашите пријатели од ООУ Ацо Шопов и ДСУЛУД Лазар Личеноски. Учениците ќе ги изработуваат менорите од најразлични материјали, а потоа истите ќе бидат донирани во разни училишта и институции, како би можеле сите заедно да можеме да запалиме свеќи по повод Ханука и за сеќавање на жртвите на холокаустот. По повод празникот Ханука, кој што секогаш се прославува кон крајот на месецот декември (17.12.2020) ќе се запалат 1000 менори во различни градови и низ целиот свет, во сеќавање на жртвите на холокаустот од Р. Северна Македонија.