Јавен настан ТРИБИНА - „Чекориме отворено кон еврпски трендови за развој на ресурсно училиште“

На 28.03.2019 година во чест на одбележувањето на нашиот патронен празник во соработка со Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија и Националното координативно тело за за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост организиравме трибина на тема: „Чекориме отворено кон еврпски трендови за развој на ресурсно училиште“. Целта на оваа трибина беше да ги вмрежиме сите засегнати страни со процесот на инклузија за да создадеме квалитетен образовен систем заснован врз потребите на учениците. Образовниот систем со текот на годините се менува. Како дел од тој систем наша должност е да ги следиме промените и да одговориме на потребите на нашите корисници. Во периодот кој претстои како иницијален чекор кон проширување на дејноста на училиштето / ресурсно училиште, ќе биде поддршка и унапредување на процесот на инклузивното образование, а понатаму и развој на останатите сервиси кои ќе помогнат учениците со потешкотии да го развијат својот максимален потенцијал согласно нивните способности.