РАЗВОЈНО - ЕДУКАТИВНИ СОДРЖИНИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ПОУ „ИДНИНА“ - СКОПЈЕ

Почитувани ученици и родители,

Со оглед на ситуацијата со Корона вирусот „Covid-19“ и мерките на Владата на Република Северна Македонија, а со цел да им излеземе во пресрет на нашите ученици и родители за да можат да совладаат дел од наставните содржини и да го пополнат корисно дел од времето кое ќе го минуваат дома, наставниците – специјални едукатори и рехабилитатори од нашето училиште подготвија едукативни содржини прилагодени врз основа на способностите на нашите ученици во електронска форма и линкови од страници на Интернет. Со ова се надеваме дека нема да се создаде голем пропуст во постигањата и напредокот на учениците и ќе може поедноставно да се постигнат целите од наставните програми кога учениците повторно ќе се вратат во училиште. Се надеваме дека Вашите деца ќе ја имаат Вашата помош и поддршка, во период кога и Вие сте дома. Содржините ќе се дополнуваат во континуитет и истите ќе се објавуваат секојдневно на нашата Facebook страница „ПОУ Иднина Скопје“ во 9:00, 12:00,15:00, 18:00 и 21:00 часот.

Со почит,

ПОУ „Иднина“ - Скопје