... Секој може нешто да промени преку
И
ндивидуален пристап, Другарување, Насочување, Инспирација, Нови знаења и Активности соодветни за децата ....

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 05.08.2019 година) Основното училиште со ресурсен центар „Иднина"
Ве известува дека во текот на месец Мај,2021 година ќе започне со запишување на ученици во прво одделение за учебната 2021/2022 година.
 
 
Право за запишување  во прво одделение имаат деца кои :
 

  • Уписот ќе се реализира од 04.05.2021 година до 31.05.2021 година со електронско пријавување, а за  родителите/старателите кои немаат услови за електронско пријавување, ќе се овозможи лично пополнување на пријавите и потребните документи во просториите на училиштето секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот согласно протоколот за заштита од КОВИД-19.
  • По доставената пријава родителот, односно старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување на ученици во прво одделеление. Пред да се изврши опсервација, родителот односно стрателот е должен да ја достави потребната документација за детето, според барањата во јавното соопштение, а во согласност со Законот за основно образование.
  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 Јуни 2021 година.
  • Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
  • Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасната граница, може да се запишат во основно училиште со ресурсен центар согласно членот 14 одЗаконот за основно образование(161/19).

 
Пријавувањето може да се реализира и преку електронската апликација за упис на порталот e – uslugi.
 
Пријавувањето може да се реализира и  електронски на следната адреса: idnina2008@yahoo.com
 
 

За да закажете ТЕРМИН за упис треба да пополните ПРИЈАВА.
За запишување потребно е да го пополните Образецот со податоци за ученкот и родителот кој може да се превземе тука  Податоци за ученикот и родителот.
 
Потребни документи за упис ( во електронска форма т.е. скенирани):
 
- Извод од матична книга на родените (фотокопија);
- Државјанство на ученикот (за ученици родени во странство)
- Лична карта од родителот/старателот - на увид;

- Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна институција
- Потврда (упат) за  офталмолошки преглед издадена од надлежна инстутуција најдоцна до пред започнување на учебната 2021/2022 година.
- Потврда (упат) од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа најдоцна до пред започнување на учебната 2021/2022 година.
- Функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 Јануари 2022, потребно е  претходно родителот односно старателот да поднесе  писмено Барање за запишување  во училиштето кое може да се превземе  електронски од веб страната или лично во просториите на училиштето и по добиено позитивно Мислење од специјален едукатор и рехабилитатор или психолог.

Потврдите можат да се достават дополнително во оригинална форма на датумот утврден за тестирање на Вашето дете.
 
За други информации можете да се обратите кај стручните соработници во училиштето, на  e mail idnina208@yahoo.com или на тел: 02 2621 976 и 071 249 481.
 
Со почит,

Со почит,
Комисија за запишување на ученици во прво одделение                                                                                                                                          


 

 Директор
Лорета Андреевска 

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

 

LAJMËRIM

 
 
Në bazë të nenit 60 të Ligjit për arsim fillor (Gazeta zyrtare e RMV-së, nr. 161 nga 05.08.2019) Shkolla fillore me qendër burimore „Idnina” Ju njofton se gjatë muajit maj të vitit 2021 do të fillojë me regjistrimin e nxënësve në klasë të parë për vitin shkollor 2021/2022.
 
 
Të drejtë për regjistrim në klasë të parë kanë:
 
Fëmijët të lindur prej 01.01.2015 gjegjësisht fëmijët që deri në fund të vitit kalendarik 2021 do të mbushin 6 vjet.
Fëmijët të cilët deri në 31 janar të vitit 2022 do të mbushin 6 vjet, me kërkesë nga prindi dhe pas mendimit të marrë nga edukatori special dhe rehabilitatori dhe psikologu i shkollës.
Regjistrimi do të realizohet prej 04.05 31.05.2021 me paraqitje elektronike, ndërsa për prindërit/kujdestarët që nuk kanë kushte për paraqitje elektronike
Pas dorëzimit të fletëparaqitjes, prindi, gjegjësisht kujdestari do të kontaktohet përmes telefonit nga Komisioni për regjistrimin e nxënësve në klasën e parë. Para se të bëhet observimi, prindi ose kujdestari është i detyruar të dorëzojë dokumentacionin e nevojshëm për fëmijën, në përputhje me kërkesat në lajmërimin publik, dhe në përputhje me Ligjin për arsimin fillor.
Për nxënësit e regjistruar, shkolla shfaq një listë në tabelën e shpalljeve të shkollës jo më vonë se 15 qershor 2021.
Procedura e regjistrimit zhvillohet nga Komisioni për regjistrimin e nxënësve në klasë të parë.
Fëmijët të cilët nuk janë përfshirë në mësimdhënie dhe janë mbi kufirin e moshës, mund të regjistrohen në shkollë fillore me qendër burimore në përputhje me nenin 14 të Ligjit për arsimin fillor (161/19).
 
 
Paraqitja mund të realizohet edhe përmes aplikacionit elektronik për regjistrim në portalin e – uslugi.
 
Paraqitja mund të realizohet edhe në mënyrë elektronike në adresën e mëposhtme: idnina2008@yahoo.com
                           
Për të caktuar një TERMIN për regjistrim duhet të plotësoni FLETËPARAQITJE
Për regjistrim duhet ta plotësoni Formularin me të dhënat për nxënësin dhe prindin, që mund të shkarkohet këtu Të dhëna për nxënësin dhe prindin.
 
Dokumentet e nevojshme për regjistrim (në formë elektronike gjegjësisht të skenuara):
 
Çertifikatë e lindjes (kopje);
Nënshtetësi e nxënësit (për nxënësit e lindur jashtë vendit)
Letërnjoftim i prindit/kujdestarit – për identifikim;
Vërtetim për vaksinat e detyrueshme të pranuara për fëmijën i dhënë nga institucioni kompetent
Vërtetim (udhëzim) për kontrollim oftalmologjik i dhënë nga institucioni kompetent më së voni deri para fillimit të vitit shkollor 2021/22.
Vërtetim (udhëzim) nga kontrollimi stomatologjik, i dhënë nga institucioni kompetent shëndetësor, më së voni deri para fillimit të vitit shkollor 2021/22.
Mendim/profil funksional nga komisioni për vlerësim të fëmijëve dhe të rinjve për mbështetje shtesë arsimore, sociale dhe shëndetësore sipas KShF.
Për regjistrim të fëmijës që do të mbush gjashtë vjet deri më 31 janar 2022, është e nevojshme që prindi/kujdestari paraprakisht të dorëzojë Kërkesë me shkrim për regjistrim në shkollë, e cila mund të shkarkohet në mënyrë elektronike nga veb faqja ose personalisht në hapësirat e shkollës dhe pas marrjes të Mendimit pozitiv nga ana e edukatorit special dhe rehabilitatorit ose psikologut.
Vërtetimet mund të dorëzohen shtesë në formë origjinale në ditën e caktuar për testimin e fëmijës Tuaj.
 
Për informata të tjera mund të kontaktoni me bashkëpunëtorët profesional në shkollë, në e-mail idnina208@yahoo.com ose në tel.: 02 2621 976 dhe 071 249 481.
 
Me respekt,
 
 

      Drejtor
Lloreta Andreevska   

 

 

Согласно известувањето од МОН со арх.бр: 08-158 од 01.06.2020год.и брз основа на Одлуката за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 и во која како ПРИЛОГ 10 е и Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта (Сл.весник бр:140/29 Мај 2020)  кој се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основно образование превземени се следните мерки за заштита на здравјето на учениците, родителите и вработените:
 
ПРОТОКОЛ
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ПОУ„ИДНИНА“ СКОПЈЕ

 
  • Помеѓу секој термин за разговор со секое дете ќе има пауза во траење од најмалку 20 минути.
  • На влезот на училиштето е поставена дезинфекциска бариера за обувките.
  • На влезот на училиштето е поставено дезинфекционо средство за раце, ракавици и „каљачи“ за еднократна употреба.
  • Во училиштето поставени се едукативо – информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
  • Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето определена за таа намена и во истата е овозможено најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.
  • Работните материјали се индивидуални за секое дете.
  • Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели.
  • Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот задолжително носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата ќе се дезинфицира.
  • За време на  паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.
  • Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето обезбедено е средство на база на алкохол за дезинфекција на рацете, со цел почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.
  • Просторијата во која се спроведува разговорот се проветрува почесто по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите
  • По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти со специјално средство против вируси за дезинфекција на работните површини и подот.
  • Во просторијата за разговор и на излезот  од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.
  • Во училиштето редовно и зачестено се одржува хигиената на тоалетите со специјални средства за дезинфекција.

Ги повикуваме сите родители да ги почитуваат мерките при упис на нивното дете во прво одделение.
 
Сите сме одговорни за јавното здравје!
 
 Директор
 Лорета Андреевска