... Секој може нешто да промени преку
И
ндивидуален пристап, Другарување, Насочување, Инспирација, Нови знаења и Активности соодветни за децата ....

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Врз основа на член 60 став 2 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 /19) и член 3-б став 1 од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за основно образование за време на вонредна состојба (Сл.весник бр.116 од 05.05.2020 год.)

 

Право за запишување  во прво одделение имаат деца кои :
 

- Деца  родени 2014 година односно кои до крајот на календарската 2020 година ќе наполнат 6 години.

- Деца  кои до 31 јануари 2021  ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од специјален едукатор и рехабилитатор и психолог од училиштето.

- Уписот ќе се реализира од 01.06 до 30.06.2020 година со електронско пријавување  (on – line) ,а за  родителите/старателите кои немаат услови за електронско (on – line)  пријавување, ќе се овозможи лично пополнување на пријавите и потребните документи во самото училиште секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот согласно новонастанатата состојба поради светската пандемија од COVID-19 и вонредната состојба на целата територија на РС Македонија.

-По доставената пријава родителот, односно старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување на ученици во прво одделеление. Пред да се изврши опсервација, родителот односно стрателот е должен да ја достави потребната документација за детето, според барањата во јавното соопштение, а во согласност со Законот за основно образование.

-За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 јули 2020 година.

-Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.

 

За да закажете ТЕРМИН за упис треба да пополните ПРИЈАВА.

Потребни документи за упис

 

- Извод од матична книга на родените (фотокопија);
- Лична карта од родителот/старателот - на увид;
- Потврда  за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна институција.
- Потврда од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа.,
- Мислење  / функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

- За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2021, потребно е  претходно родителот односно старателот да поднесе  писмено Барање за запишување  во училиштето кое може да се превземе  електронски од веб страната или лично во просториите на училиштето и по добиено позитивно Мислење од специјален едукатор и рехабилитеатор или психолог

 

 

Со почит,
Комисија за запишување на ученици во прво одделение                                                                                                                                          


 

 Директор
Лорета Андреевска   

 

REGJISTRIM I NXËNËSVE NË KLASËN E PARË PËR VITIN SHKOLLOR 2020/2021
 
... Secili mund të ndryshojë diçka përmes:
Qasjes individuale, shoqërimit, orientimit, inspirimit, njohurive të reja dhe aktiviteteve të përshtatshme për fëmijët ....
 
NJ O F T I M
 
Në bazë të Nenit 50 alinea 2 të Ligjit për Arsim Fillor (Gazeta Zyrtare nr. 161/19) dhe Nenit 1 nga Dekreti me fuqi ligjore për ndryshim dhe plotësim të Dekretit me fuqi ligjore për zbatimin e Ligjit për Arsim Fillor gjatë gjendjes së jashtëzakonshme (Gazeta Zyrtare nr.116 e datës 05.05.2020)
 
 Të drejtë për regjistrim në klasë të parë kanë nxënësit të cilët :
 - Janë të lindur në vitin 2014, gjegjësisht fëmijë të cilët deri në fund të vitit kalendarik 2020 do të mbushin 6 vjet.
- Fëmijët të cilët deri më 31 dhjetor 2021 do të mbushin 6 vjet, me kërkesë të prindit dhe me mendim të marrë nga edukatori i veçantë, nga rehabilituesi dhe nga psikologu i shkollës.
- Regjistrimi do të realizohet nga data 01.06 deri më 30.06.2020 me anë të aplikimit elektronik (online), ndërsa për prindërit/kujdestarët të cilët nuk kanë kushte për aplikim elektronik (online), do të mundësohet personalisht të plotësojnë formularin dhe dokumenteve të nevojshme në objekin e shkollës, çdo ditë pune prej orës 9:00 deri në  ora 12:00, në përputhje me gjendjen e krijuar për shkak të pandemisë botërore nga virusi COVID-19 dhe gjendjes së jashtëzakonshme të shpallur në tërë territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut.
 
-Pas dorëzimit të aplikacionit, prindi gjegjësisht kujdestari do të jetë i kontaktuar me telefon nga ana e Komisionit për Regjistrimin e Nxënësve në Klasën e Parë. Para kryerjes së observimit, prindi gjegjësisht kujdestari është i obliguar të dorëzojë dokumentacionin e nevojshëm për nxënësit, në përputhje me kërkesat e njoftimit publik dhe në përputhje me Ligjin për Arsim Fillor.
 
-Për nxënësit e regjistruar, shkolla do të publikojë listë, më së voni deri më 15 korrik 2020.
-Procedura e regjistrimit zbatohet nga ana e Komisioni për Regjistrimin e Nxënësve në klasën e parë.
-Për të caktuar TERMIN për regjistrim, duhet të plotësoni APLIKACIONIN.
 

Dokumentet e nevojshme për regjistrim  
 - Çertifikatë e lindjes (kopje);
- Letërnjoftim i prindit/kujdestarit;
- Vërtetim për vaksinë të pranuar i dhënë nga institucioni përkatës;
- Vërtetim nga kontrolli stomatologjik, i dhënë nga institucioni përkatës shëndetsor .,
- Мendim  / profil funksional nga ana e Komisionit për Vlerësimin e Fëmijëve dhe të Rinjëve  për mbështetje plotësuese arsimore, sociale dhe shëndetsore nga ana e KMF
- Për regjistrimin e fëmijut i cili do të mbush gjashtë vjet deri më 31 janar 2021, nevojitet paraprakisht prindi gjegjësisht kujdestari të parashtrojë kërkesë me shkrim për regjistrim në shkollën në të cilën mund të merret në formë elektronike nga ueb faqja apo personalisht në hapësirat e shkollës dhe pas mendimit pozitiv të marrë nga ana e edukatorit të specializuar nga rehabilituesit ose psikologut
 
Me respekt,
Komisioni për Regjistimin e Nxënësve në klasë të parë                                                                                                                                           
 
 
Drejtoresha
Loreta Andreevska    
Согласно известувањето од МОН со арх.бр: 08-158 од 01.06.2020год.и брз основа на Одлуката за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 и во која како ПРИЛОГ 10 е и Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта (Сл.весник бр:140/29 Мај 2020)  кој се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основно образование превземени се следните мерки за заштита на здравјето на учениците, родителите и вработените:
 
ПРОТОКОЛ
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ПОУ„ИДНИНА“ СКОПЈЕ

 
  • Помеѓу секој термин за разговор со секое дете ќе има пауза во траење од најмалку 20 минути.
  • На влезот на училиштето е поставена дезинфекциска бариера за обувките.
  • На влезот на училиштето е поставено дезинфекционо средство за раце, ракавици и „каљачи“ за еднократна употреба.
  • Во училиштето поставени се едукативо – информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
  • Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето определена за таа намена и во истата е овозможено најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.
  • Работните материјали се индивидуални за секое дете.
  • Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели.
  • Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот задолжително носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата ќе се дезинфицира.
  • За време на  паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.
  • Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето обезбедено е средство на база на алкохол за дезинфекција на рацете, со цел почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.
  • Просторијата во која се спроведува разговорот се проветрува почесто по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите
  • По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти со специјално средство против вируси за дезинфекција на работните површини и подот.
  • Во просторијата за разговор и на излезот  од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.
  • Во училиштето редовно и зачестено се одржува хигиената на тоалетите со специјални средства за дезинфекција.

Ги повикуваме сите родители да ги почитуваат мерките при упис на нивното дете во прво одделение.
 
Сите сме одговорни за јавното здравје!
 
 Директор
 Лорета Андреевска