„ТОА ШТО ДЕТЕТО МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ДЕНЕС СО ПОМОШ, ТОА ЌЕ МОЖЕ САМ ДА ГО НАПРАВИ ВО ИДНИНА„

Лав Виготски
 
  



Училишен одбор

  • Орган на управување на посебното основно училиште е Училишниот одбор. Претставници на училишниот одбор се членови од редот на наставниците - специјални едукатори и рехабилитатори, стручните соработници на училиштето, претставници од родителите и претставници од основачот.

Улогата и составот на Училишниот одбор  се дефинирани со закон.


Наставнички совет
  • ​​​Наставничкиот совет на посебното основно училиште го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето.
  • Како стручен орган на училиштето, Наставничкиот совет на  посебното основно училиште „Иднина“ Скопје  има клучна улога во процесите на одговорност и подобрување на наставата  во нашето училиште. Наставничкиот совет работи со директорот за да им даде приоритет на најдобрите интереси на нашите ученици, да ги зајакнат можностите и способностите за образование според нивните способности. 
  • Наставничкиот совет се дава одлична можност да им помогнеме на сегашните и идните ученици на нашето училиште.

    „За светот ти можеби си само наставник, но за твоите ученици си ХЕРОЈ!“
     
Совет на одделенски наставници 
http://www.idnina.edu.mk/page-218852/nastaven-kadar  -
Совет на предметни наставници  
http://www.idnina.edu.mk/page-218852/nastaven-kadar
Совет на родители
  • Работата на советот на родителите во посебното основно училиште е регулирано со член од Законот за основното образование и член од Статутот на училиштето. За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира Совет на родители на училиштето. Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителскиот состанок на паралелката.
Стручен актив
  • Стручниот актив на наставниците го сочинуваат наставници -специјални едукатори и рехабилитатори кои предаваат ист предмет или подрачје.