Ние сме Посебно основно училиште за деца со попречености во развојот. Основното училиште Иднина е место каде децата со попречености во развојот се образуваат, учат социјални вештини, стекнуваат знаење и ги развиваат своите психофизички капацитети.
Тимот експерти – специјални едукатори и рехабилитатори како и од различни други професии креираат програми и стратегии за работа со деца со различни пречки во развојот. Соработува со сите образовни институции од локалното опкружување и во соработка со стручните тимови на овие институции ги наоѓа најдобрите решенија за надминување на проблемите во образовниот процес на децата со пречки во развојот.
Во Собранието на град Скопје и на заедничката седница на Градскиот и Просветно културниот собор одржана на 18.06.1971 година, по предходно изготвена идејна програма од Проф.д-р Љупчо Ајдински, донесено е Решение за основање Специјално училиште за основно образование на деца со лесна психичка попреченост во Скопје со име СОУ „Иднина“. Статутот на Град Скопје, Решение бр. 07-22023 од 18. 06. 1971 година, се основа специјалното основно училиште „Иднина“. Името е одраз на вербата во посветла иднина на децата со пречки во развојот.
ПОУ„Иднина“ - Скопје
Ул. Втора Македонска бригада бр.3
1000, Скопје
Република Северна Македонија