По повод одбележување на 2ри Април-Светски ден на детската литература и Меѓународен ден на лицата со Аутизам, Основното училиште со ресурсен центар "Иднина" – Скопје објавува
КОНКУРС
за избор на најдобра литературна творба на тема

 
  • "Моето посебно другарче" или
  • " Што знам за состојбата Аутизам "

• Право на учество

Право на учество имаат сите ученици од I - IX одделение кои учат во основните општински училишта на територијата на Општина Центар, Бутел, Чаир, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Липково, Арачиново, Шуто Оризари, Петровец, Илинден и Чучер Сандево.

Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема на овој конкурс.

Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра, a право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани.

Секој ученик на овој конкурс треба да учествува со својот наставник- ментор и има право да учествува со по еден труд.

Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши комисијата за оценување на трудот составена од три члена . Комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици. Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 5 дена од последниот рок за предавање на трудовите. За резултатите наградените ученици и училишта ќе бидат писмено известени од страна на комисијата , а истите ќе бидат објавени и на веб страната на Основното училиште со ресурсен центар "Иднина"- Скопје.

• Награди

Сите пристигнати трудови ќе бидат поделени во три групи согласно образовните периоди (I-III, IV-VI и VII-IX) По една творба односно вкупно три оргинални дела ќе бидат наградени со по еден електронски уред таблет.

Сите творби ќе бидат објавени во Збирка од литературни творби која ќе биде дистрибуирана во основните училишта.

Права на Основното училиште со ресурсен центар "Иднина" – Скопје

Основното училиште со ресурсен центар "Иднина" – Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи пристигнатите литературни трудови за некомерцијални цели. Исто така го задржува правото да врши објавување/умножување/промоција за свои потреби.

Доставување на трудовите:

Секој учесник својот труд треба да го достави во стандардна хартиена форма во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „по конкурс за избор на литературен труд“. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот . Во затворениот плик треба да има уште два затворени запечатени плика , од кои едниот со ознака “литературен труд” и ја содржи шифрата и го содржи трудот , а другиот со ознака „податоци“ и истиот содржи податоци за идентификацијата на испраќачот: (име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикот, името на училиштето, адреса на училиштето и името и презимето на наставникот- менторот)

• Литературните трудови се доставуваат на адреса:
Основно училиште со ресурсен центар “Иднина” -Скопје, ул.II Македонска бригада бр.3 општина Чаир, со назнака за „Конкурсот за најдобар литературен труд“ или лично во архивата на училиштето. За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. 077/88 13 90 секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот или на е-маил: pouidnina@gmail.com. Пријавите да се достават во текот на месец Април, најдоцна до 30.04.2021 год. до 15 часот.
Конкурсот е дел од проектот "Направи со мене, а не за мене", кој согласно Решението од 23.02.2021 година, со бр.ЈП1 24-2689/2020, од страна на Министерството за култура е избран за проект од национален интерес во културата за 2021 година.