social image
Драги ученици и родители, во името на сите вработени во ОУРЦ „Иднина“ - Скопје, Ви посакуваме топло добредојде во новата учебна 2021/2022 година. Со нетрпение ги очекуваме Вашите возбудени и насмеани лица на првиот училишен ден, среда, 1-ви Септември.
Играта и учењето можат да бидат забавни и кога се придржуваме до мерките за превенција и заштита. Да ги почитуваме правилата за да се заштитиме самите, да го заштитиме нашето семејство и најсаканите наставнички/наставници. Да поченеме да испишуваме нова страница, полна со смеа, игра, другарство и љубов. Од срце Ви посакуваме среќен почеток и многу успешна учебна година.