Арт терапија

ПРИМЕНА НА АРТ ТЕРАПИЈА ВО ПОУ„ИДНИНА“-СКОПЈЕ

 
Арт терапијата се применува индивидуално или во мали групи со учениците од одделенска и предметна настава. Истата се реализира во посебно адаптиран кабинет за таа намена. Преку арт терапијата индивидуата ги изразува своите чувства, мисли, внатрешни конфликти во вид на слика, цртеж или некој друг вид на уметност. Оваа терапија е посебно корисна за децата со посебни потреби.
Арт терапијата преставува форма на психо терапија, која не се грижи за естетиката во произведеното. Значи, ние не се грижиме дали цртежот е убаво или не убаво нацртан. Нас не интересира како ученикот се чувствувал, oдносно да ги разбудиме емоциите и чувствата при креирањето на таа творба.
Во нашето училиште ги применуваме следните техники на арт терапија за работа со деца со посебни потреби:
 
  1. ЦРТАЊЕ ПРАВА И ЗАОБЛЕНА ЛИНИЈА
  2. РАБОТА НА ПЕСОК, ОРИЗ, ГРИЗ
  3. РАБОТА СО ВОДЕНИ БОИ НА ВЛАЖНА ХАРТИЈА И СО БОИ ЗА ПРСТИ
  4. БОЕЊЕ СО ПРСТИ
  5. ОТИСОЦИ СО ТУПФЕР
  6. ОГЛЕДАЛСКО ЦРТАЊЕ ФОРМИ
  7. КОЛАЖ
  8. РАБОТА СО ГЛИНА И ПЛАСТЕЛИН
  9. ЦВЕТНА МАНДАЛА