social image

СЕКОЈ МОЖЕ НЕШТО ДА ПРОМЕНИ

Добредојдовте ученици

Драги ученици и родители, во името на сите вработени во ПОУ „Иднина“ - Скопје, Ви посакуваме топло добредојде во новата учебна 2020/2021 годнина. Иако сите знаеме дека оваа година ќе изгледа поразлично, со нетрпение ги очекуваме возбудените и насмеани лица во четврток 1-ви Октомври, на првиот училишен ден. Играта и учењето можат да бидат забавни и кога се придржуваме до мерките за превенција и заштита. Да ги почитуваме правилата за да се заштитиме самите, да го заштитиме нашето семејство и најсаканите наставнички/наставници. Ве очекуваме во четврток, да поченеме да испишуваме нова страница, полна со смеа, игра, другарство и љубов. Од срце Ви посакуваме многу успешна учебна година. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ...

За нас

Ние сме деветгодишно училиште со воспитно-образовна дејност за деца со пречки во психофизичкиот развој

Настава

Наставата е основна и најважна активност, бидејќи преку неа учениците го развиваат своето критичко мислење и се здобиваат со знаење, вештини и навики.

Активности

Одделенската и предметна настава е предходно добро испланирана со активности од еколошко-естетски, културно-уметнички и спортски карактер.
Погледнете ги кратките видеа од темите кои се дел од специфичните методи кои ги користиме во нашето училиште.  Целите на овие методи може да ги погледнете на линкот

Вести

Сите вести

„1000 Менори“ - Споделуваме светлина во сеќавање на еврејската зедница во Македонија

Проектот „1000 Менори“ е проект чија реализација е поддржана од три македонски училишта, кои во својата дејност го негуваат и образованието на децата со посебни потреби.

Прочитај повеќе

Одбелелжување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост - 3ти декември

На 3 декември се одбележува интернционалниот ден на лицата со попреченост. Потсетуваме дека грижата за најранливите е потребна секој ден, цела година. Нека биде ​Ден за сите! Не само денес, туку секој ден од годината.

Прочитај повеќе

Ликовна колонија во организација на Супортива

Нашите ученици и оваа година беа дел од Ликовната колонија на Здружението "Супортива".

Прочитај повеќе

Благодарност за општествената одговорност и поддршка до Јосиба Протект

Благодарност до Josiba Protect кои ја поддржуваат континуираната едукација на децата со ПОП наспроти здравствената криза.

Прочитај повеќе

Благодариме Алкалоид!

Голема „посебна“ благодарност до нашите пријатели Alkaloid AD Skopje за покажаната општествена одговорност за најранливите групи во време на пандемија.

Прочитај повеќе

Нашето мото

Креираме можности за:
 
И- Индивидуализација
Д -Другарување                                      Н -Насочување                                        И -Инспирирање                                    Н -Нови знаења
                                      А -Активности

Од нашиот блог